Мапирање на диви депонии за пристап до климатска правда за маргинализираните граѓани

Во изминатиот период, Здружение за правна едукација и транспарентност Станица П.Е.Т. изработи мапи на дивите депонии во општина Кривогаштани и ромската заедница во општина Прилеп, со цел обележување и идентификување на проблемот со дивите депонии, што претставува прв чекор кон нивно решавање. Активноста се спроведе преку теренско идентификување на диви депонии во соработка со граѓаните од ромската заедница во општина Прилеп и граѓаните од општина Кривогаштани.

Во рамките на активноста беа подготвени две мапи на диви депонии во ромската заедница во општина Прилеп и општина Кривогаштани. Така, беа идентификувани четири локации на диви депонии во општина Прилеп и тоа: во нас. Три багреми, Дебарца, Покрај касарни и м.в. Кај Крстот. Во општина Кривогаштани, граѓаните ја идентификуваа дивата депонија во близина на с. Кривогаштани (м.в. Ливадски пат).

Преку креирањето на мапи на диви депонии во ромската заедница во општина Прилеп и руралните места на општина Кривогаштани, ќе се влијае на идентификување на дивите депонии кои ја загрозуваат животната средина, што претставува иницијален чекор кон овозможувањето на климатска правда за таргетираните граѓани. Со мапирањето беа дадени и конкретни предлог решенија за надминување на проблемите со дивите депонии, а се однесуваат на предвидување на регуларна депонија по стандарди кои ги задоволуваат критериумите за заштита на животната средина.


Активноста: Креирање на Мапа на диви депонии во ромската заедница во Прилеп и во општина Кривогаштани се спроведе како дел од проектот: „Климатска правда за маргинализираните граѓани“, а со поддршка на Фондација Отворено општество Македонија.

Similar Posts

  • Онлајн дискусија: „Еманципацијата и семејното насилство – регулација и пракса“

    “Жените во светот сакаат и заслужуваат еднаква иднина ослободена од стигма, стереотипи и насилство, иднина која е одржлива мирна, со еднакви права и можности за сите. За да се постигне тоа, на светот му требаат жени на секоја маса каде се носат одлуки“. Во организација на Здружение за правна едукација и транспарентност СТАНИЦА П.Е.Т. и Правна клиника…

  • СТАНИЦА П.Е.Т. со едукативна активност за борба против корупција

    “Обезбедувањето на континуитет на правната едукација за борба против корупција на граѓаните придонесува кон разбивање на митот околу негативната појава како апстрактна, страшна и недостижна за обичниот граѓанин. Секој има право да биде информиран како да препознае и пријави корупција и судир на интереси.“ На 15.03.2021 година, Здружение за правна едукација и транспарентност Станица П.Е.Т….

  • СТОП за труењето! – еколошка правда за граѓаните на Прилеп

    Правото на здрава и безбедна животна средина е неприкосновено и никој не смее да го загрозува за било каков интерес, најмалку бизнис или политички! Како здружение кое работи на заштита и унапредување на правата на граѓаните за безбедна и здрава животна средина, Станица ПЕТ на 12.09.2023 година поднесе пријава до повеќе институции за досегашното непостапување…

  • Прв регионален состанок на COPASAH EUROPE

    Во периодот 19-21 јуни, Христина Здравеска од нашето здружение учествуваше на првиот регионален состанок на Мрежата на практичари во заедницата за отчетност и општествена акција во здравството COPASAH EUROPE кој се одржува во Тирана, Албанија. На тридневниот состанок се финализираше Комуникациската стратегија и Планот за работа на мрежата, се дискутираше за главните предизвици и проблеми…

  • Информативно видео за Борба против корупција

    СТАНИЦА П.Е.Т. во изминатиот период подготви информативно видео за Борба против корупција. Корупцијата и судирот на интереси постојат во секоја сфера од општественото живеење. Затоа, потребно е препознавање, охрабрување и пријавување на овие негативни појави. Целта на видеото е правна едукација на пошироката јавност преку илустративен приказ за основните информации за борбата против корупцијата, постапката и…

  • Едукативен караван „Правдата не е привилегија“

    „Граѓаните имаат потреба да се консултираат и побараат совет за нивните права од социјална заштита, лична документација, здравствена заштита, и тие имаат право тоа да го добијат во нивната заедница, затоа што #Правдата не е привилегија“. Едукативниот караван „Правдата не е привилегија“ во изминатиот период патуваше низ 10 населени места од општините Прилеп, Кривогаштани и Долнени,…