Станица П.Е.Т. е добитник на наградата „3 Ноември” од Општина Прилеп

СТАНИЦА П.Е.Т. е добитник на награда – плакета 3ти Ноември за придонес во едукацијата и асистенцијата на граѓаните во насока на остварување на нивните права.


На свечената седница на Советот на Општина Прилеп која се одржа во собраниската сала на Општина Прилеп, по повод Денот на ослободувањето на Прилеп 3-ти Ноември, на здруженија и поединци им беа доделени плакети и дипломи.

Комисијата за одбележување празници и манифестации и доделување награди и признанија, по повод 3-ти Ноември оваа година доделија три награди за животно дело – Златна плакета на истакнати граѓани на општина Прилеп кои дале особен придонес во македонската современа истражувачка, научна и општествена дејност, како и на седум истакнати дејци од книжевната и преведувачката дејност, образованието, воздухопловството и фризерскиот занает и спортот.

Плакети беа доделени и на неколку здруженија и локални компании меѓу кои и на Здружение за правна едукација и транспарентност СТАНИЦА П.Е.Т. Прилеп, за придонес во едукацијата и асистенцијата на граѓаните во насока на остварување на нивните права.

Чест и задоволство, но и уште поголема одговорност е добивањето на едно вакво признание од општината во која работи и делува Станица П.Е.Т., како и поттик за уште поголема ангажираност во иднина.

Станица П.Е.Т. ја посветува наградата на целиот тим на правници, параправници, промотори во заедницата и сите активисти кои секојдневно се залагаат за приближување на правдата поблиску до сите.

Similar Posts