Јавен оглас за ангажирање на советник за поддршка и информирање

Здружение за правна едукација и транспарентност СТАНИЦА ПЕТ Прилеп, во рамки на проектот „Паметно зелено село за одржлива иднина“, кој се реализира со поддршка од Фондации Отворено Општество – Западен Балкан, објавува:

ЈАВЕН ОГЛАС

За ангажирање на советник за поддршка и информирање

Општи информации за Проектот

Проектот „Паметно зелено село за одржлива иднина“ е насочен кон унапредување и промоција на концептот на праведна зелена транзиција во руралните области како значаен аспект од поширокиот концепт на социјална правда. Со наведената цел, проектот се стреми кон воспоставување на основи за одржливо земјоделство и употреба на обновливи извори на енергија на начин што е правичен и инклузивен, адресирање и поправање на историските нееднаквости што ги засегаат руралните заедници, како што се недоволно инвестирање, ограничен пристап до енергетската инфраструктура и повисоки нивоа на деградација на животната средина. Традиционално маргинализираните заедници, вклучително и луѓето кои живеат во руралните средини, се особено отпорни на воведување нови практики, особено онаа што вклучува употреба на земјиште и други природни ресурси, поради страв од присилна конфискација на земјиштето, наметнување на непознати и комплицирани практики што би можеле да ги ограничат во нивната основна приходна активност. Затоа, комбинирањето на активности кои придонесуваат за праведна зелена транзиција преку концептот на социјална правда помага да се овозможи руралните заедници да имаат корист од енергетската транзиција и дека нема да бидат изоставени.

Опис на активноста предмет на овој повик

Потребата од ангажманот е за имплементација на двете компоненти на проектот кои се однесуваат на

  • воспоставување и работа на Зелен ресурсен хаб во с. Ропотово (Општина Долнени) за информирање и едуцирање на граѓаните за одржливо земјоделство, енергетски ефикасни домови и користење на обновливи извори на енергија
  • поддршка во справување со органски отпад и производство на компост на ниво на општината, во соработка со комуналното претпријатие на Општина Долнени.

Времетраење и надоместок

Ангажманот е за период од 9 месеци и за истиот е предвиден надоместок од 350 УСД во денарска противвредност.   

Потребни квалификации

Завршено најмалку средно образование, најмалку едногодишно работно искуство во областите на енергетска ефикасност, одржливо земјоделство и/или преработка на органски отпад.

Пријавување

Пријавите кои вклучуваат лична биографија (CV) и мотивационо писмо да се достават на емал адреса: [email protected]  најдоцна до 09.12.2024 година.

Прилеп, 06.12.2024

Similar Posts

  • ЈАВЕН ПОВИК ЗА ДОСТАВУВАЊЕ ПОНУДИ ЗА НАБАВКА НА ВРЕДНОСНИ ВАУЧЕРИ ЗА ХРАНА

    Здравствениот систем во Северна Македонија со години се соочува со сериозни предизвици поврзани со коруптивни практики, кои го намалуваат квалитетот и достапноста на здравствените услуги. Истражувањата укажуваат дека граѓаните, а особено жените од маргинализираните заедници, често се изложени на директни или индиректни барања за неформални плаќања, непотизам и дискриминација при пристапот до здравствена заштита. Овие…

  • Иницијална средба на Советот во заедницата

    Здружението за правна едукација и транспарентност СТАНИЦА П.Е.Т. Прилеп на 09.06.2021 година, одржа иницијална средба на Советот во заедницата во согласност со активност 1: Создавање на потребната структура во заедницата, во рамки на проектот: „Унапредување на процесот на закрепнување и навремена реакција на ромската заедница во кризни состојби преку партиципативно и проактивно дејствување“, финансиски поддржан од Светска…

  • Oнлајн сесија за добри локални практики за животна средина: РЕДИ Рециклажа

    На 29 јуни 2026 година, Здружение СТАНИЦА ПЕТ организираше онлајн сесија посветена на иницијативата REDI Recycling, која се одржа преку платформата Zoom, со паралелен пренос во живо на Facebook. Гостин на настанот беше Лејла Зекировска, проектен менаџер во Иницијативата за економски развој на Ромите – REDI, која ја презентираше иницијативата REDI Рециклажа – ромско социјално…

  • Панел дискусија за промоција на Локален извештај за состојбата со родово-базираното и сексуалното насилство во општините Прилеп, Кривогаштани и Долнени (2022–2025)

    На ден 28.07.2026 се одржа промоција на Локален извештај за состојбата со родово-базираното и сексуалното насилство во општините Прилеп, Кривогаштани и Долнени кој го опфаќа периодот 2022-2025. Настанот започна со презентација на клучните наоди и препораки од локалниот извештај, при што беа презентирани податоците за состојбата со родово-базираното и семејното насилство во трите општини, идентификуваните предизвици во…

  • Едукативно предавање: „Семејно насилство и малолетнички бракови“

    Детските бракови се многу честа причина и извор на родово-базирано насилство! На ден 26.11.2024 година, во соработка со МВР – Сектор за внатрешни работи – Битола и Одделение за внатрешни работи – Прилеп организиравме едукативно предавање на тема „Семејно насилство и малолетнички бракови“ како уште една во низата активности за одбележување на 16 дена активизам…

  • Мрежа за заштита од дискриминација – Работилницата за План за застапување и Комуникациски план

    Во перидот 28-31 август 2019, Христина Здравеска како претставник од нашето здружение во Мрежата за заштита од дискриминација, беше дел од работилницата за подготовка на План за застапување и Комуникациски план. Мрежата за заштита од дискриминација има за цел да развива стратегиско застапување во случаи на дискриминација преку поднесување предмети пред Комисијата за заштита од…