ЈАВЕН ПОВИК ЗА ДОСТАВУВАЊЕ ПОНУДИ ЗА НАБАВКА НА ВРЕДНОСНИ ВАУЧЕРИ ЗА ХРАНА

Здравствениот систем во Северна Македонија со години се соочува со сериозни предизвици поврзани со коруптивни практики, кои го намалуваат квалитетот и достапноста на здравствените услуги. Истражувањата укажуваат дека граѓаните, а особено жените од маргинализираните заедници, често се изложени на директни или индиректни барања за неформални плаќања, непотизам и дискриминација при пристапот до здравствена заштита. Овие појави не само што ја поткопуваат довербата во институциите, туку создаваат дополнителни бариери за еднаков пристап до основното човеково право – здравје.

Корупцијата во здравството има и изразена родова димензија. Жените, особено оние кои живеат во сиромаштија, во рурални средини или кои припаѓаат на ромската заедница, се соочуваат со двојна нерамноправност: од една страна поради нивниот економски и социјален статус, а од друга поради родовите стереотипи и дискриминаторските практики во институциите. Непостоењето ефикасни и доверливи механизми за пријавување дополнително ја засилува нивната ранливост и создава чувство на беспомошност.

Постоечките механизми за пријавување корупција се недоволно функционални, со ограничена транспарентност и слаб капацитет за постапување. Институциите ретко обезбедуваат јасни информации и поддршка за граѓаните, а здравствените работници немаат соодветна обука за етичко постапување и справување со случаи на корупција. Истовремено, јавната дебата за оваа тема останува ограничена, а медиумите често известуваат на начин кој не ги препознава родовите аспекти и штетните последици за ранливите групи.

Проектот „Посилен систем за поправедна заштита: Намалување на корупцијата во здравството“ е дизајниран да одговори токму на овие проблеми. Тој има за цел да ја зголеми отчетноста и транспарентноста во здравствениот систем преку зајакнување на жените и граѓаните да пријавуваат корупција, јакнење на капацитетите на здравствените работници за препознавање и превенција на коруптивни практики и зајакнување на институционалните механизми за постапување. Преку едукативни активности, јавни кампањи и застапувачки иницијативи, проектот ќе придонесе кон создавање систем во кој граѓаните ќе имаат доверба дека нивниот глас е слушнат, а нивните права се заштитени. Проектот е поддржан од Француската Развојна Агенција – Expertise France.

1. Предмет на јавниот повик

Предмет на овој јавен повик е доставување понуди за набавка на вредносни ваучери за храна, наменети за учеснички на интерактивни локални работилници, со цел стимулирање на учеството на овие активности.

2. Опис на набавката

Бр.ПродуктОпис
1Вредносни ваучери за хранаНабавка на 300 вредносни ваучери, со поединечна вредност од 500 денари
Вкупна проценета вредност: 150.000 денари

Ваучерите треба:

  • да можат да се користат за набавка на прехранбени производи;
  • да важат во продажната мрежа на понудувачот;
  • да имаат соодветен рок на важност.

3. Право на учество

Право на учество имаат сите регистрирани правни лица кои издаваат или нудат вредносни ваучери за храна и располагаат со продажна мрежа на територијата на Општина Прилеп и Општина Битола.

4. Потребна документација

Понудувачите треба да достават:

  • Основни податоци за правното лице со информација за продажната мрежа во Општина Прилеп и Општина Битола;
  • Финансиска понуда (број на ваучери, вредност по ваучер, вкупна цена, ДДВ – доколку е применливо);
  • Рок на важност на ваучерите.

5. Критериуми за избор

Изборот на понудувач ќе се изврши врз основа на:

  • Усогласеност со условите од јавниот повик;
  • Достапност и покриеност на продажната мрежа;
  • Рок на важност на ваучерите;
  • Најповолна понуда во однос на вкупната цена и условите на плаќање.

6. Рок и начин на доставување на понуди

Понудите да се достават по електронска пошта на адресата [email protected], со назнака: „Понуди за набавка на вредносни ваучери“.

Краен рок за доставување на понудите е 13 февруари 2026 година.

7. Дополнителни информации

Овој јавен повик се спроведува во рамки на проектот „Посилен систем за поправедна заштита: Намалување на корупцијата во здравството“, поддржан од Француската развојна агенција – Expertise France. Изборот на понудувач ќе се изврши согласно принципите на транспарентност, еднаков третман, недискриминација и економичност, во согласност со донаторските правила и интерните процедури на спроведувачот на проектот.

Организаторот го задржува правото:

  • да побара дополнителни појаснувања или документација од понудувачите;
  • да прифати или одбие која било понуда, целосно или делумно;
  • да го поништи јавниот повик во секоја фаза од постапката, без обврска за образложување и без надомест кон понудувачите, доколку тоа е во согласност со донаторските правила.

Договорот со избраниот понудувач ќе биде склучен по одобрување, а исплатата ќе се реализира согласно одобрената проектна документација и финансиските правила.

Similar Posts

  • ОТВОРЕН ПОВИК за избор на два експерти за дизајнирање и водење на „Школата за родова еднаквост“

    Здружение Центар за граѓанска иницијатива – Прилеп како носител на Проектот „Нејзин глас – нејзина моќ: зајакнување на маргинализираните жени и девојки во Пелагонија“,  кој е финансиран од владата на Швајцарија преку Цивика мобилитас што се спроведува во партнерство со Здружение за правна едукација и транспарентност СТАНИЦА ПЕТ – Прилеп и Мултиетничко здружение за сите…

  • Јавен повик за Експерт за Комуникациска стратегија

    Здружение за правна едукација и транспарентност СТАНИЦА П.Е.Т. за потребите од спроведувањето на проектот: „Транспарентно делување за отчетно однесување“ финансиски поддржан од Европската Унија, со договор бр. 11-182/1-2020 од 26.05.2020 година, објавува ЈАВЕН ПОВИК за ангажирање на еден (1) експерт за поддршка при изработка на Комуникациска стратегија. Целосниот повик можете да го превземете на линкот во продолжение:

  • Интерни стандарди за безбедна и професионална работа со корисниците на услугите

    На 7 и 9 октомври 2026 година, во просториите на Здружение СТАНИЦА ПЕТ, се одржа дводневна обука за тимот, посветена на унапредување на интерните системи и стандардите за работа со корисниците на услугите на Здружението. Обуката ја спроведе ангажиран надворешен експерт Гоце Тошев – правник со долгогодишно искуство во развивање на интерни организациски процедури и…

  • Промоција на МОПА – Мобилна канцеларија за параправна помош

    Во изминатиот период параправниците од Станица П.Е.Т. ја промовираа Мобилната канцеларија за параправна помош во општините Прилеп (за Мариовскиот регион), Кривогаштани и Долнени помеѓу граѓаните од овие региони и околните села преку делење на промотивен материјал – торба. Мобилната канцеларија за параправна помош претставува место каде граѓаните од овие региони ќе можат да се обратат за правна…

  • Јавна изложба: „Младите заедно за помирување, толеранција и градење на доверба“

    На ден 14.05.2024 година, беше организирана јавна изложба на уметнички дела од учесниците на дводневната уметничка работилница, на која 22 млади луѓе од различни заедници ги искажаа своите ставови и идеи за тоа што значи за нив помирување и градење мир. Со оваа јавна изложба испративме јасна порака дека уметничкото творештво може да се претстави пред пошироката…

  • ЈАВЕН ПОВИК ЗА ДОСТАВУВАЊЕ ПОНУДИ ЗА НАБАВКА НА ОСВЕЖУВАЊЕ (ПИЈАЛАЦИ)

    Здравствениот систем во Северна Македонија со години се соочува со сериозни предизвици поврзани со коруптивни практики, кои го намалуваат квалитетот и достапноста на здравствените услуги. Истражувањата укажуваат дека граѓаните, а особено жените од маргинализираните заедници, често се изложени на директни или индиректни барања за неформални плаќања, непотизам и дискриминација при пристапот до здравствена заштита. Овие…