На 18-19 април 2024 година беше организирана дводневна уметничка работилница на која 22 млади луѓе од различни заедници ги искажаа своите ставови и идеи за тоа што значи за нив помирувањето и градењето мир. За време на работилницата, младите имаа можност да учат за темите мир, помирување, толеранција, меѓуетничко разбирање и решавање на конфликти, а преку врснички игри активно се вклучија во учење, развој и унапредување на знаењата. На вториот ден, младите преку уметничко изразување (цртање, креирање на цитати, правење колаж и сл.) успешно го завршија модулот и обезбедија учество за финалниот дел од активностите – изложба на која ќе бидат презентирани нивните дела.




Активноста се реализира во рамките на проектот „Младински културен фонд на Западен Балкан“ поддржан од германското Сојузно Министерство за надворешни работи и имплементиран од Регионалната канцеларија за младинска соработка – RYCO*.








*RYCO е меѓувладина организација која управува и промовира регионална и интеркултурна соработка на младите луѓе во и меѓу општествата на Западен Балкан. Програмите на RYCO се фокусираат на создавање можности за младите луѓе да се вклучат во активности кои градат меѓусебно разбирање и помирување во граѓанските, социјалните, образовните, културните и спортските домени, иницира и учествува во креирањето политики и се залага за реформи. Воедно, го поддржува развојот на политичко и социјално опкружување кое ја овозможува и ја олеснува размената на младите.
#RYCO #WesternBalkans #RYCOCulturalFund #culturalactivism #WBYCF #работилница #млади