Маратон на јавните набавки – „Дали има напредок?“

На 30.11.2021 година во Белград, се одржа конференција Маратон на јавните набавки – „Дали има напредок?”, на која учествуваа претставници на Европската Унија, релевантни институции, невладини организации и медиуми од регионот, кои дискутираа за главните проблеми со системите за јавни набавки во државите од Западен Балкан.

Весна Шапкоски од СТАНИЦА П.Е.Т. имаше свое излагање во рамки на третиот панел од конференцијата на тема „Успешни примери од мониторингот на јавните набавки од страна на ГОи на локално ниво” каде го презентираше искуството од следењето и актуелизирањето на јавните набавки во здравството во Општина Прилеп.

Презентацијата на Извештајот за компаративна евалуација кој ги опфаќа резултатите од двегодишното истражување, беше проследена со продуктивна и возбудлива дискусија за клучните предизвици – зголемување на нивото на конкуренција, завршување со практика на неказнивост на одговорните и воспоставување на соодветен ефикасен и ефективен контролен систем кој ќе го покрие целиот циклус на јавни набавки, особено извршувањето на договорите.

Конференцијата се реализираше во рамки на проектот Balkan Tender Watch.

Similar Posts

  • Реакција на граѓанските организации – „Да се стави крај на профитерството во време на животно-загрозувачка криза“

    Бараме Државата да воспостави регулативна рамка за утврдување на лекувањето поврзано со COVID-19 кое граѓаните го покриваат со лични средства во приватните здравствени установи, по примерот на определениот максимален износ за плаќање на учество со лични средства (партиципација) во јавното здравство во согласност со Ценовникот на здравствени услуги на Фондот за здравствено осигурување. Предлагаме Фондот…

  • Отворен ден во СТАНИЦА П.Е.Т. – Запознај не и приклучи се

    На ден 01.03.2019 година во канцеларијата на здружението се реализираше отворен ден со цел запознавање на граѓаните на општина Прилеп со работата, активностите и локацијата на здружението, како место каде сите граѓани можат да се обратат за совети и првана едукација, а институциите за посредување при нудење услуги кон граѓаните. Во текот на денот 30тина…

  • Мобилна канцеларија за параправна помош

    Во изминатиот период, Здружение СТАНИЦА П.Е.Т преку своите правници и параправници во општините Прилеп, Кривогаштани и Долнени, им нуди правна асистенција на граѓаните во остварувањето на нивните основни човекови права во рамките на Мобилната канцеларија за параправна помош. Мобилната канцеларија преку правниците и параправниците дава правни совети и услуги на граѓаните кои живеат во руралните средини, а кои немаат…

  • Летен тренинг: Дисеминација на пораки

    Во периодот 5-7 јули, 2019 година во Охрид се одржа летен тренинг на тема: “Дисеминација на пораки”, во соработка со Радио „Пела“. На тренингот учествуваа промоторите во заедницата, кои се едуцираа, вежбаа и истовремено градеа меѓусебна доверба зa пренесување на пораки од индивидуални и колективни интереси. Првиот ден беше резервиран за презентирање на теоретскиот дел за пренесување…

  • ЈАВНА РАСПРАВА ЗА ВЛИЈАНИЕТО ВРЗ ЖИВОТНАТА СРЕДИНА ОД ИЗГРАДБАТА НА КОРИДОР 10 Д (ПРИЛЕП – БИТОЛА)

    Претставници на Здружението СТАНИЦА ПЕТ учествуваа на јавната расправа по Студијата за оцена на влијание врз животната средина за проектот „Изградба на Коридор 10 Д, делница на автопат: Прилеп – Битола“, која се одржа во Прилеп и Битола во организација на Министерството за животна средина и просторно планирање. На почетокот на настанот, накратко беше презентирана…

  • Празнувај одговорно! – е пораката која предновогодишно ја испратија здравствените промотори на Станица П.Е.Т.

    За време на предновогодишните и божиќните празници, здравствените промотори на Станица П.Е.Т. посетија околу 70 семејства од ромската и другите населби во општина Прилеп, на кои им посакаа: да празнуваат одговорно, почитувајќи ги мерките за заштита од Ковид-19. За време на двете акции, промоторите во заедницата уште еднаш ги промовираа препораките од здравствените служби за држење растојание…