Младите заедно за градење мир, меѓуетничка толеранција и управување со конфликти

На 18-19 април 2024 година беше организирана дводневна уметничка работилница на која 22 млади луѓе од различни заедници ги искажаа своите ставови и идеи за тоа што значи за нив помирувањето и градењето мир. За време на работилницата, младите имаа можност да учат за темите мир, помирување, толеранција, меѓуетничко разбирање и решавање на конфликти, а преку врснички игри активно се вклучија во учење, развој и унапредување на знаењата. На вториот ден, младите преку уметничко изразување (цртање, креирање на цитати, правење колаж и сл.) успешно го завршија модулот и обезбедија учество за финалниот дел од активностите – изложба на која ќе бидат презентирани нивните дела.

Активноста се реализира во рамките на проектот „Младински културен фонд на Западен Балкан“ поддржан од германското Сојузно Министерство за надворешни работи и имплементиран од Регионалната канцеларија за младинска соработка – RYCO*.


*RYCO е меѓувладина организација која управува и промовира регионална и интеркултурна соработка на младите луѓе во и меѓу општествата на Западен Балкан. Програмите на RYCO се фокусираат на создавање можности за младите луѓе да се вклучат во активности кои градат меѓусебно разбирање и помирување во граѓанските, социјалните, образовните, културните и спортските домени, иницира и учествува во креирањето политики и се залага за реформи. Воедно, го поддржува развојот на политичко и социјално опкружување кое ја овозможува и ја олеснува размената на младите.

#RYCO #WesternBalkans #RYCOCulturalFund #culturalactivism #WBYCF #работилница #млади

Similar Posts

  • Јавен оглас за ангажирање на советник за поддршка и информирање

    Здружение за правна едукација и транспарентност СТАНИЦА ПЕТ Прилеп, во рамки на проектот „Паметно зелено село за одржлива иднина“, кој се реализира со поддршка од Фондации Отворено Општество – Западен Балкан, објавува: ЈАВЕН ОГЛАС За ангажирање на советник за поддршка и информирање Општи информации за Проектот Проектот „Паметно зелено село за одржлива иднина“ е насочен…

  • Ова не е честитка за 8 Март – ова е повик за одговорност

    По повод 8 Март, ја објавуваме пораката „Ова не е честитка за 8ми Март“! Целта е да потсетиме дека зад симболиката на овој ден стои реалност со која многу жени сè уште се соочуваат – насилство, институционална незаинтересираност и системски пропусти. Овој дигитален материјал не е порака на одбележување, туку на аларм. Тој е потсетник…

  • СТАНИЦА П.Е.Т. со промотивна активност за здравствена заштита – дистрибуција на суплементи и брзи тестови за превенција од Ковид-19

    Во периодот јули-август 2021 година, здравствените промотори на Станица П.Е.Т. идентификуваа 20 семејства од ранливи категории каде што има зголемен ризик за појава на Ковид-19 поради специфичните материјални околности во кои се наоѓаат, а се претежно од ромската заедница во општина Прилеп. Така, на овие семејства промоторите во заедницата им поделија брзи антигенски тестови, како и…

  • Ден на добри дела  2025

    На ден 07.04.2025 година, како дел од Светскиот ден на добри дела 2025, се одржа Волонтерска еколошка акција во околината на Прилепското езеро во Прилеп. Активноста се реализираше со поддршка на 20 волонтери ученици од ООУ „Добре Јованоски“ и средношколци од младинските клубови на Здружение Станица ПЕТ, кои заеднички ја чистеа околината на Прилепското езеро…

  • Работата на здравствените промотори презентирана на 16иот Светски конгрес за јавно здравје

    На 14.10.2020 година, извршната директорка на Здружение за правна едукација и транспарентност СТАНИЦА П.Е.Т. – Весна Шапкоски учествуваше на 16иот Светски конгрес за јавно здравје каде имаше усна презентација на тема: „Развој и зајакнување на здравствените промотори во заедницата во Прилеп, Северна Македонија“. Во рамките на конгресот беше презентирана работата на здравствените промотори на СТАНИЦА П.Е.Т….

  • Прв состанок на Мрежата на специјализирани адвокати и НВО кои помагаат на жени жртви на насилство

    На 22 ноември 2024 година, Христина Здравеска – правник од нашето Здружение присуствуваше на првиот состанок на Мрежата на специјализирани адвокати и НВО кои работат со жени жртви на насилство кој се одржа во седиштето на Советот на Европа во Стразбур, Франција. Одделот за насилство врз жените на Советот на Европа го собра почетниот сет…