СООПШТЕНИЕ

Комисијата за спречување и заштита од дискриминација треба да ги штити правата на маргинализираните граѓани, а не профитот на приватните компании

СООПШТЕНИЕ

Комисијата за спречување и заштита од дискриминација треба да ги штити правата на маргинализираните граѓани, а не профитот на приватните компании

Здружението ХОПС Опции за здрав живот Скопје и Мрежата за заштита од дискриминација се обратија до Комисијата за спречување и заштита од дискриминација со претставка за случај на индиректна дискриминација врз основа на здравствен статус. На жена која во минатото се лекувала од Хепатит Ц не ѝ било овозможено приватно здравствено осигурување. Приватната осигурителна компанија не им го овозможува ова право и на други лица кои во минатото или во моментот се лекуваат од различни болести. На тој начин осигурителните комапнии вршат дискриминација врз основа на здравствен статус и припадност на маргинализирана група кон луѓето што употребуваат дроги и други групи на пациенти кои се лекуваат од различни хронични болести.

Комисијата за спречување и заштита од дискриминација постапувајќи по претставката донесе мислење со коешто не утврди индиректна дискриминација по основ на здравствена состојба кон лицата кои употребуваат дроги, но и кон останатите лица со хронични заболувања.

Според Комисијата, избегнувањето на ризик од финансиска загуба преставува легитимна цел за да се дискриминираат различни групи на пациенти без разлика дали во моментот се лекуваат или се излечиле од некоја болест. На овој начин Комисијата неправилно го применува Законот за спречување и заштита од дискриминација што дефинира што може да биде легитимна цел, како: „целта за чиешто остварување средствата треба да соодветствуваат со реалните потреби во конкретен случај, да се однапред прецизно дефинирани, да се неопходни за остварување на таа цел, како и да се пропорционални на ефектите што треба да се постигнат“. Дали според Комисијата профитот на осигурителната компанија е реална потреба а дискриминацијата на пациентите е неопходен начин да се оствари таа цел?!

Оваа практика е спротивна на меѓународните стандарди во областа. Според Европската Конвенција за човекови права, легитимни цели за ограничување на правата можат да бидат државната безбедност, заштитата на здравјето и моралот, заштита од криминал и заштита на правата на другите. Профитот на приватните компании не може да се смета за поважен од еднаквоста на граѓаните како нивно уставно и меѓународно признато право.

Комисијата се повикува на одредбите од областа на приватното здравствено осигурување без да се земе предвид дека дискриминацијата некогаш потекнува од самите закони. Ако нешто е уредено во закон не значи дека не може да биде дискриминација. Притоа треба да се има предвид дека овие лица се целосно исклучени од правото на приватно здравствено осигурување. За лицата кои имаат хронични заболувања кои влијаат на обемот на здравствени услуги кои ги примаат, компаниите можат да предвидат начин на плаќање и пресметување на реалните трошоци за лекување, но не и целосно исклучување од правото.

Имајќи предвид дека оваа Комисија согласно Законот треба да претставува експертско и независно тело за спречување и заштита од дискриминација особено загрижува фактот што тоа тело не е доволно сензитивно во однос на прекршувањето на правата на маргинализираните заедници, каде спаѓаат и различни групи на пациенти, хронично болни и луѓе кои употребуваат или употребувале дроги.

               Скопје, 10.11.21

Лице за контакт:                                                               

Маргарита Глигуровска

077953787

[email protected]

Similar Posts

  • Интер-религиски инфо караван

    Во периодот 20-24 ноември Здружение СТАНИЦА ПЕТ во рамки на Програмата за верски слободи на Западен Балкан спроведувана од Националниот Демократски Институт, реализираше Интер-религиски инфо караван во Општините Прилеп, Кривогаштани и Долнени. Со караванот беа опфатени околу 150 граѓани од 6 населени места во овие општини, со кои беа споделени промотивни материјали и пораки за развој и…

  • Со магарето Марко на патот кон забрзаниот развој!

    На 19 јуни 2023 година, свечено ја промовиравме редовната шпедитерска линија Прилеп-Липов Дол-Витолиште, со која жителите од мариовскиот регион конечно ќе имаат редовен превоз до и од Прилеп. Се стигнува за само 8 часа, а билет плаќа кој колку има! Најеколошка и засега единствена опција за организиран јавен превоз до овие места. Со оваа креативна акција…

  • Дистрибуција на промотивни материјали за едукација за заштита од Ковид-19

    Во изминатиот период, Советот на заедницата на Станица П.Е.Т. и здравствените промотори организираа едукативна активност – дистрибуција на промотивни материјали лифлети за заштита и спречување на ширењето на Ковид-19. Со оваа активност беа опфатени граѓаните од нас. Тризла кои беа дел од истражувањето во заедницата за обезбедување на податоци и докази со цел подобрување на…

  • СТАНИЦА П.Е.Т. организираше едукативен ден за Борба против корупција

    На 25.12.2020 година, СТАНИЦА П.Е.Т. организираше едукативен инфо ден за Борба против корупција. Инфо денот беше наменет за граѓаните на општина Прилеп кои се информираа како да препознаат и пријават корупција и судир на интереси. Воедно, на граѓаните им беа поделени нотеси со едукативна содржина изработени во рамките на проектот. Едукативниот ден се одржа во рамките на…

  • ЈАВЕН ПОВИК ЗА ДОСТАВУВАЊЕ ПОНУДИ ЗА НАБАВКА НА ОСВЕЖУВАЊЕ (ПИЈАЛАЦИ)

    Здравствениот систем во Северна Македонија со години се соочува со сериозни предизвици поврзани со коруптивни практики, кои го намалуваат квалитетот и достапноста на здравствените услуги. Истражувањата укажуваат дека граѓаните, а особено жените од маргинализираните заедници, често се изложени на директни или индиректни барања за неформални плаќања, непотизам и дискриминација при пристапот до здравствена заштита. Овие…

  • Јавен оглас за ангажирање на експерт за подготовка на физибилити студија

    Здружение за правна едукација и транспарентност СТАНИЦА ПЕТ Прилеп, во рамки на проектот „Паметно зелено село за одржлива иднина“, кој се реализира со поддршка од Фондации Отворено Општество – Западен Балкан, објавува: ЈАВЕН ОГЛАС За ангажирање на експерт од областа на енергетика за подготовка на Физибилити студија за утврдување на потенцијалот на с. Ропотово и…