Здравствениот систем во Северна Македонија со години се соочува со сериозни предизвици поврзани со коруптивни практики, кои го намалуваат квалитетот и достапноста на здравствените услуги. Истражувањата укажуваат дека граѓаните, а особено жените од маргинализираните заедници, често се изложени на директни или индиректни барања за неформални плаќања, непотизам и дискриминација при пристапот до здравствена заштита. Овие појави не само што ја поткопуваат довербата во институциите, туку создаваат дополнителни бариери за еднаков пристап до основното човеково право – здравје.
Корупцијата во здравството има и изразена родова димензија. Жените, особено оние кои живеат во сиромаштија, во рурални средини или кои припаѓаат на ромската заедница, се соочуваат со двојна нерамноправност: од една страна поради нивниот економски и социјален статус, а од друга поради родовите стереотипи и дискриминаторските практики во институциите. Непостоењето ефикасни и доверливи механизми за пријавување дополнително ја засилува нивната ранливост и создава чувство на беспомошност.
Постоечките механизми за пријавување корупција се недоволно функционални, со ограничена транспарентност и слаб капацитет за постапување. Институциите ретко обезбедуваат јасни информации и поддршка за граѓаните, а здравствените работници немаат соодветна обука за етичко постапување и справување со случаи на корупција. Истовремено, јавната дебата за оваа тема останува ограничена, а медиумите често известуваат на начин кој не ги препознава родовите аспекти и штетните последици за ранливите групи.
Проектот „Посилен систем за поправедна заштита: Намалување на корупцијата во здравството“ е дизајниран да одговори токму на овие проблеми. Тој има за цел да ја зголеми отчетноста и транспарентноста во здравствениот систем преку зајакнување на жените и граѓаните да пријавуваат корупција, јакнење на капацитетите на здравствените работници за препознавање и превенција на коруптивни практики и зајакнување на институционалните механизми за постапување. Преку едукативни активности, јавни кампањи и застапувачки иницијативи, проектот ќе придонесе кон создавање систем во кој граѓаните ќе имаат доверба дека нивниот глас е слушнат, а нивните права се заштитени. Проектот е поддржан од Француската Развојна Агенција – Expertise France.
1. Предмет на јавниот повик
Предмет на овој јавен повик е доставување понуди за набавка и испорака на освежување (пијалаци), наменети за учеснички на интерактивни локални работилници и настани во рамки на проектните активности.
2. Опис на набавката
Набавката на освежување е наменета за вкупно 300 лица, во рамки на 20 интерактивни локални работилници, со просечен број од 15 учесници по работилница.
Освежувањето по лице вклучува:
| Бр. | Продукт | Опис |
| 1 | Ладно кафе во лименка 250 мл | макијато/еспресо/капучино |
| 2 | Сок 0,5 л | пепси/газоза |
| 3 | Вода негазирана 0,5 л | пакувана негазирана вода |
| *Количините ќе бидат дефинирани согласно динамиката на проектните активности и бројот на учесници. | ||
3. Право на учество
Право на учество имаат сите регистрирани правни лица кои вршат продажба и дистрибуција на пијалаци и располагаат со можност за испорака на територијата на Општина Прилеп и Општина Битола.
4. Потребна документација
Понудувачите треба да достават:
- Основни податоци за правното лице;
- Финансиска понуда (единечна цена по производ, вкупна цена, ДДВ – доколку е применливо);
- Спецификација на понудените производи;
- Услови и рок за испорака.
5. Критериуми за избор
Изборот на понудувач ќе се изврши врз основа на:
- Усогласеност со условите од јавниот повик;
- Квалитет и спецификација на понудените производи;
- Услови и рок на испорака;
- Најповолна понуда во однос на вкупната цена и условите на плаќање.
6. Рок и начин на доставување на понуди
Понудите да се достават по електронска пошта на адресата [email protected], со назнака: „Понуди за набавка на освежување“.
Краен рок за доставување на понудите е 13 февруари 2026 година.
7. Дополнителни информации
Овој јавен повик се спроведува во рамки на проектот „Посилен систем за поправедна заштита: Намалување на корупцијата во здравството“, поддржан од Француската развојна агенција – Expertise France. Изборот на понудувач ќе се изврши согласно принципите на транспарентност, еднаков третман, недискриминација и економичност, во согласност со донаторските правила и интерните процедури на спроведувачот на проектот.
Организаторот го задржува правото:
- да побара дополнителни појаснувања или документација од понудувачите;
- да прифати или одбие која било понуда, целосно или делумно;
- да го поништи јавниот повик во секоја фаза од постапката, без обврска за образложување и без надомест кон понудувачите, доколку тоа е во согласност со донаторските правила.
Договорот со избраниот понудувач ќе биде склучен по одобрување, а исплатата ќе се реализира согласно одобрената проектна документација и финансиските правила.
