Курс за правно зајакнување

Да се знае правото, да се користи правото и да се обликува правото.

Во периодот 1-6 декември 2019 година, Весна Шапкоски од нашата организација беше дел од интернационалниот Курс за правно зајакнување кој се одржа при Централно Европскиот Универзитет во Будимпешта, Унгарија.

На курсот, 60тина претставници од повеќе од 30 држави во светот, преку споделување на искуства, врсничко учење и дискусија за повеќе студии на случај учеа за најважните аспекти од работата на правно зајакнување:

  • основните принципи и начела на правното зајакнување,
  • општествените движења за промени,
  • собирањето на податоци за креирање на општествени промени,
  • начелата на борба за правата на животна средина и земјиште,
  • родова еднкавост и
  • законско признавање на параправнците како одржлива форма на правно зајакнување на заедниците

Како резултат, секој од претставниците подготви план за работа во идниот период, кој ќе го реализира во рамки на организацијата од која што доаѓа, а со кој би се унапредила работата на правно зајакнување.

Курсот се организира 5та година по ред, од страна на Иницијативата за правда (Фондации Отворено Општество), Факултет за јавни политики (Централно Европски Универзитет – Будимпешта), Бернстајн Институт за Човекови Права (Универзитет Њу Јорк) и НАМАТИ (Глобална мрежа за правно зајакнување).

Similar Posts

  • Јавен оглас за ангажирање на експерт за подготовка на физибилити студија

    Здружение за правна едукација и транспарентност СТАНИЦА ПЕТ Прилеп, во рамки на проектот „Паметно зелено село за одржлива иднина“, кој се реализира со поддршка од Фондации Отворено Општество – Западен Балкан, објавува: ЈАВЕН ОГЛАС За ангажирање на експерт од областа на енергетика за подготовка на Физибилити студија за утврдување на потенцијалот на с. Ропотово и…

  • ЈАВЕН ПОВИК – За ангажирање на еден (1) експерт за изработка на четири (4) кратки документи за јавни политики/инфографици

    Здружение за правна едукација и транспарентност СТАНИЦА П.Е.Т. за потребите од спроведувањето на проектот: „Интерсекциска дискриминација во Северна Македонија“  поддржан од Цивика Мобилитас, објавува: ЈАВЕН ПОВИК За ангажирање на еден (1) експерт/ка за изработка на четири (4) кратки документи за јавни политики/инфографици Општи информации за Проектот             Хелсиншкиот комитет заедно со ХОПС – Опции за здрав живот…

  • Одржани две трибини за: „Промоција на Законот за бесплатна правна помош“

    Во периодот октомври-декември, Здружение за правна едукација и транспарентност СТАНИЦА П.Е.Т. организираше две трибини за промоција на Законот за бесплатна правна помош. Целта на овие обуки беше запознавање на граѓаните на општина Прилеп со основите на Законот, неговата суштина, видовите на бесплатна правна помош и неговата примена. Воедно, беше промовирана бесплатната правна помош која може да биде…

  • Прва средба и работилница на Советот во заедницата

    На 13.07.2021 година, Советот на заедницата на Станица П.Е.Т. организираше прва средба, на која учество зедоа претставниците на Советот и промоторите во заедницата. Средбата се одржа во Клуб П.Е.Т. – социјално претпријатие во рамки на Здружение Станица П.Е.Т. Активноста е дел од проектот: „Унапредување на процесот на закрепнување и навремена реакција на ромската заедница во…

  • Втор состанок на мрежата на адвокати и правници кои обезбедуваат поддршка на жени жртви на насилство

    Мрежата на Советот на Европа составена од специјализирани адвокати и НВО  кои oбезбедуваат поддршка за жени жртви на насилство го одржа својот втор состанок на 18-19 септември 2025 година во Стразбур, посветен на темата „Обезбедување правна помош и застапување на мигранти, баратели на азил и бегалци, жртви на родово базирано насилство, преку стратешко застапување“. Христина Здравеска, правничка во…

  • Повик за анкетари

    Здружение за правна едукација и транспарентност СТАНИЦА П.Е.Т. за потребите од спроведувањето на проектот: „Интерсекциска дискриминација во Северна Македонија“  поддржан од Цивика Мобилитас, објавува: ПОВИК за ангажирање на пет (5) анкетари за спроведување на базичен комбиниран прашалник за познавањето на новите одредби и придобивки од Законот за заштита од дискриминација и работата/очекувањата од Комисијата за заштита од…