На 13.07.2021 година, Советот на заедницата на Станица П.Е.Т. организираше прва средба, на која учество зедоа претставниците на Советот и промоторите во заедницата.
Средбата се одржа во Клуб П.Е.Т. – социјално претпријатие во рамки на Здружение Станица П.Е.Т.


Активноста е дел од проектот: „Унапредување на процесот на закрепнување и навремена реакција на ромската заедница во кризни состојби преку партиципативно и проактивно дејствување“, чија цел е унапредување на процесот на закрепнување и навремена реакција на ромската заедница во кризна состојба преку обезбедување на активно учество на граѓаните.

На работилницата зедоа учество 16 учесници, кои активно работат на спроведување на активностите од проектот на терен. За време на истатата, учесниците разговараа за предизвиците со кои се соочува заедницата за време на кризни ситуации, за минатите предизвици, сегашните, но и предвидување на идните настани кои можат да имаат влијание врз функционирањето на заедницата, а се потребни за да се направи успешно мапирање на засегнатите страни во заедницата кои би можеле да имаат долгорочно влијание врз вкупното функционирање на граѓаните.




Проектот: „Унапредување на процесот на закрепнување и навремена реакција на ромската заедница во кризни состојби преку партиципативно и проактивно дејствување“ го спроведува Здружение за еманципација, солидарност и еднаквост на жените – ЕСЕ, во партнерство со Здружение на граѓани за здравствена, социјална и образовна поддршка „Иницијатива за развој и инклузија на заедниците“ – ИРИЗ, Здружение за развој и унапредување на ромската заедница – Романо Чачипе, Здружение на граѓани на просветни работници за заштита на правата на жените и децата – ЛИЛ и Здружение за правна едукација и транспарентност СТАНИЦА П.Е.Т., поддржан од Светска здравствена организација.
