Во изминатиот период, здравствените промотори на Станица П.Е.Т. посетија околу 100 граѓани и семејства од општина Прилеп и мариовскиот регион, општина Кривогаштани и општина Долнени на кои преку делење на промотивен материјал – торби и заштитни маски, им ја претставија услугата „Прашај здравствен промотор“ и ги едуцираа како правилно да користат маски за заштита од Ковид-19.


Во рамките на оваа активност, здравствените промотори ја промовираа услугата „Прашај здравствен промотор“ која е активна од почетокот на годината, а има за цел давање помош и поддршка на граѓаните за остварување на права поврзани со здравствена заштита. За оваа услуга 24/7 се активни два телефонски броеви на здружението.


Исто така, промоторите во заедницата дополнително ги едуцираа граѓаните за начинот на користење на маските со што на креативен начин активно се вклучија во одржување на свеста на граѓаните за почитување на мерките за заштита и превенција од Ковид-19.


Активноста се спроведе како дел од проектот: „Covid-19 Grassroots Justice Project“, кој Здружение Станица П.Е.Т. го спроведува во периодот декември 2020 – август 2021, поддржан од The Fund for Global Human Rights.