Телефонска линија #ПрашајЗдравственПромотор за помош и поддршка на граѓаните за права од здравствена заштита, како и асистенција за пристапување до здравствена заштита и услуги поврзани со КОВИД-19 за маргинализирани групи на граѓани.

Имате прашања и нејаснотии во врска со остварувањето на вашите здравствени права? Ви треба помош околу начинот на пристапување до здравствена заштита поврзана со КОВИД-19? Нашите здравствени промотори се достапни за совет и упатство во секое време на:
☎️ 048/620-900 – секој работен ден од 8:00 до 16:00 часот или
📲 075/377-317 во секое време.

*Поддршката на нашите здравствени промотори се однесува исклучиво на здравствените права и пристапот до зравствена заштита како системски прашања, а никако не е замена за здравствени или фармацевтски совети и консултации.

Similar Posts

  • МАИЦА (2021)

    Промотивен материјал – маичка за едукација за потребата од вакцинирање за заштита против Ковид-19. Промоторите ги запознаа граѓаните со потребата од спроведување на масовна вакцинација во сите населени места, како би се обезбедила навремена заштита и би спречиле повторно ширење на вирусот и враќање на рестриктивните мерки.

  • Дивите депонии не исчезнуваат сами од себе – нивното чистење го плаќаме сите.

    Дивите депонии не исчезнуваат сами од себе – нивното чистење го плаќаме сите. Во инфографикот погледнете колку депонии биле исчистени во Општина Прилеп во 2024 и 2025 година од страна на ЈКП Комуналец Прилеп, колкава количина отпад била отстранета и колку средства биле потрошени. Отпадот има свое место. Со одговорно одлагање на отпадот придонесуваме за…

  • Демнење – не е внимание. Тоа е насилство!

    Демнењето не е внимание. Не е љубов. Не е грижа. Тоа е НАСИЛСТВО. Следење во живо и на социјални мрежи, проверување каде си и несакан контакт по раскинување – се форми на демнење. Имаш право на безбедност. Побарај помош. Пријави. **Оваа активност е дел од проектот „Пат до безбедност: Јакнење на услуги за психосоцијална поддршка…

  • ТОРБА (2023)

    Промотивен материјал – торба. „Сите жртви на родово-базирано насилство не изгледаат исто! Некои се скромни, тивки и повлечени, некои се сиромашни и необразовани, некои се добро ситуирани, образовани, имаат успешни кариери, можат да бидат гласни и активни. Она што е заедничко е дека на секоја и треба помош. Помош, која можеби таа сама нема да…

  • ПАПКА ЗА ДОКУМЕНТИ (2019)

    Едукацијата се прави и на улица, на кафе кај пријателите, низ муабет со комшиите… Активизмот не е работа, тоа е начин на живот! Во периодот мај-јуни 2019, нашите Промотори во заедницата беа активни во неформална едукација на населението за постапката за остварување на правото на здравствено осигурување на лица кои штотуку наполниле 18 години, преку…

  • Информативен флаер – услуги на психосоцијална поддршка за жени и деца жртви на родово базирано и семејно насилство

    Информативен флаер кој се однесува на обезбедување психосоцијална поддршка за жени и деца жртви на родово базирано и семејно насилство. Главната порака е дека жртвите не се сами и дека поддршката е лесно достапна. Исто така, флаерот нагласува дека поддршката е бесплатна, доверлива и стручна, и ги охрабрува жртвите да побараат помош. Покрај тоа, флаерот…