Интерна обука за креирање на Комуникациска стратегија

„Комуникацијата и претставувањето во јавноста се клучни за транспарентноста и видливоста на организацијата.“

Во рамките на проектот: „Транспарентно делување за отчетно однесување“, кој го спроведува Здружение за правна едукација и транспарентност СТАНИЦА П.Е.Т., на 18.09.2020 година, во просториите на здружението се одржа Интерна обука за креирање на Комуникациска стратегија. Проектот се спроведува во периодот јуни-ноември 2020 година, а е финансиски поддржан од Македонски центар за меѓународна соработка (МЦМС). Главна цел на проектот е зајакнување на организациските капацитети за отчетно и транспарентно работење.

Целта на обуката беше да се зајакнат капацитетите на персоналот на СТАНИЦА П.Е.Т. за јасна и отворена комуникација со засегнатите страни, а обуката ја водеше Христина Видевска. На обуката присуствуваа 10 учесници. За време на обуката учесниците се запознаа со главните придобивки од подготвувањето на Комуникациската стратегија која ќе придонесе за подигнување на нивото на транспарентност, отчетност и видливост на целите и активностите на здружението, доближување до граѓаните и другите засегнати страни, а посебно до донаторската заедница.

Преку примена на различни методи и техники на работа, учесниците ги дефинираа целите и целните групи на комуникациската стратегија на здружението, направија SWOT анализа, начинот на комуникација со надворешните фактори, како и одговорноста за спроведување на стратегијата, временската рамка и ресурсите со кои располага здружението за реализација на истата.

„Програмата „Одржливо граѓанско општество: државно финансирање на граѓански организации“ ја спроведува Македонскиот центар за меѓународна соработка (МЦМС), Балканската мрежа за развој на граѓанското општество (БЦСДН) и Центарот за информирање, соработка и развој на граѓанските организации од Словенија (ЦНВОС)“

Similar Posts

  • Мобилна канцеларија за параправна помош

    Во изминатиот период, Здружение СТАНИЦА П.Е.Т преку своите правници и параправници во општините Прилеп, Кривогаштани и Долнени, им нуди правна асистенција на граѓаните во остварувањето на нивните основни човекови права во рамките на Мобилната канцеларија за параправна помош. Мобилната канцеларија преку правниците и параправниците дава правни совети и услуги на граѓаните кои живеат во руралните средини, а кои немаат…

  • Учество на промотивен настан за следење на изборните ветувања

    На 31 октомври, во организација на Strategic Management Systems – SMS во Битола се одржа промотивен настан „Натамошен развој на концептот за следење на изборните ветувања – искуства и научени лекции на општините и граѓанските организации“. На настанот свое излагање имаше Маја Петанческа, проектен координатор во СТАНИЦА ПЕТ која го презентираше искуството од мониторингот на…

  • ЈАВНА РАСПРАВА ЗА ВЛИЈАНИЕТО ВРЗ ЖИВОТНАТА СРЕДИНА ОД ИЗГРАДБАТА НА КОРИДОР 10 Д (ПРИЛЕП – БИТОЛА)

    Претставници на Здружението СТАНИЦА ПЕТ учествуваа на јавната расправа по Студијата за оцена на влијание врз животната средина за проектот „Изградба на Коридор 10 Д, делница на автопат: Прилеп – Битола“, која се одржа во Прилеп и Битола во организација на Министерството за животна средина и просторно планирање. На почетокот на настанот, накратко беше презентирана…

  • Тркалезна маса за спречување на насилството врз жени и девојчиња

    Насилството врз жените не може да се искорени додека постојат нееднаква распределба на моќ и нееднакви можности за сите. На 24ти февруари, во нашето здружение се одржа тркалезна маса – дискусија за важноста на родовата еднаквост за спречување на насилството врз жени и девојчиња. За време на дискусијата која беше организирана од  Националната мрежа против…

  • ЈАВЕН ОГЛАС за ангажирање на надворешен соработник од областа на психологија/социологија

    Здружение за правна едукација и транспарентност СТАНИЦА П.Е.Т. за потребите од спроведувањето на проектот: „Локален сервис за зајакната реинтеграција и ресоцијализација“  поддржан од Европската унија, објавува: ЈАВЕН ОГЛАС За ангажирање на еден (1) надворешен соработник од областа на психологија/социологија Општи информации за Проектот             СТАНИЦА П.Е.Т. го спроведува проектот: „Локален сервис за зајакната реинтеграција и ресоцијализација “.Општа цел…

  • Обука за еко амбасадори: Локалните активисти – чекор поблиску до позелена иднина

    Во периодот од 10, 13 и 17 октомври 2025 година се одржа тридневна обука за локални активисти – еко амбасадори, во рамки на проектот „Еко иницијатива: граѓаните и локалната власт во акција за заштита на животната средина!“. Оваа обука беше прв и клучен чекор во креирање мрежа на локални еко амбасадори, кои ќе делуваат како…