Инфо сесија: Законски измени во врска со детските бракови

На ден 18.09.2019 година се одржа информативна средба на тема: „Дали промената на теоријата ќе ја промени и праксата?“ со фокус на законските измени во Кривичниот закон и Законот за основно образование кои се однесуваат на регулирање на појавата од детски бракови. На информативната средба беа присутни 40тина лица од кои претставници на стручните служби од повеќе основни и средни училишта, полициска служба, Центар за социјални работи, здравствени установи, граѓански организации, медиуми, промотори во заедницата и засегнати граѓани.

Заклучок:

  • Измените на Кривичниот законик се однесуваат на член 197 според кој ќе се казни секое полнолетно лице кое живее со малолетно лице кое навршило 14 а не навршило 18 години.
  • Законот за основното образование, со кој се направија измени во член 97 и тоа во делот на содржината на збирката на податоци, со тоа што ќе се води евиденција на учениците кои го напуштиле образовниот процес и причината за напуштањето.
  • Се очекува измени да се случиат и во Законот за средно образование и Законот за семејство во делот на забрана на вонбрачна заедница со малолетник, за да се оформи еден успешен систем за рано откривање и спречување на детски бракови.
  • Регистриран првиот случај по измените на Кривичниот законик, 16 годишна девојка која сакала да оформи вонбрачна заедница, од страна на надлежната институција, по пријава била вратена кај своето семејство.
  • Потребно е да работи на зголемување на свеста кај населението за измените и последиците од истите.

Similar Posts

  • Започна со работа Советувалиштето за психосоцијална поддршка на жени жртви на родово базирано и семејно насилство

    Со особена посветеност кон унапредување на заштитата и поддршката на жените, Здружението СТАНИЦА ПЕТ официјално го започна со работа Советувалиштето за психосоцијална поддршка на жени жртви на родово базирано и семејно насилство. Потребата од ваков тип на услуга произлегува од сè поголемата потреба за достапна, континуирана и сеопфатна поддршка за жени и деца кои се…

  • НОСИ МАСКА, МИЈ РАЦЕ И ДРЖИ 2 МЕТРИ РАСТОЈАНИЕ!

    Дел од мерките се олабавија, но она што се случува деновиве со бројот на заболени ни покажува дека НИЕ НЕ СМЕЕМЕ ДА СЕ ОЛАБАВИМЕ! Во текот на изминатата недела нашите Промотори во заедницата остварија околу 120 индивидуални посети во различни населби во Прилеп и околината, каде поделија маски, средства за лична хигиена и симболично метро,…

  • ЈАВЕН ПОВИК ЗА ДОСТАВУВАЊЕ ПОНУДИ ЗА НАБАВКА НА ВРЕДНОСНИ ВАУЧЕРИ ЗА ХРАНА

    Здравствениот систем во Северна Македонија со години се соочува со сериозни предизвици поврзани со коруптивни практики, кои го намалуваат квалитетот и достапноста на здравствените услуги. Истражувањата укажуваат дека граѓаните, а особено жените од маргинализираните заедници, често се изложени на директни или индиректни барања за неформални плаќања, непотизам и дискриминација при пристапот до здравствена заштита. Овие…

  • Зелени знаења за силна локална заедница во Ропотово

    Во периодот од мај до октомври годинава, во село Ропотово беа успешно реализирани шест едукативни работилници со локалното население, наменети за зајакнување на знаењата и практиките поврзани со одржлив развој, заштита на животната средина и енергетска ефикасност. Преку овие активности беа опфатени околу 70 локални жители од различни возрасни групи, што потврдува силен интерес и…

  • Тематски предавања на тема „Превенција за подобро здравје“

    Во месец декември 2024 година, успешно се одржаа три тематски предавања на тема „Превенција за подобро здравје“, како дел од проектот „Нејзин глас – нејзина моќ: зајакнување на маргинализираните жени и девојки во Пелагонија“ , со цел да се подигне свесноста на локалното население за важноста на здравствената превенција и промоција на здрави животни навики….

  • #Зелен Петок 7: Нашата акција, нашата природа, наша одговорност!

    Здружението СТАНИЦА ПЕТ во соработка со ЈКП Комуналец – Прилеп организираше акција за чистење на јавна површина кај Вештачкото езеро – Излетнички ливади. Преку иницијативата „Зелен петок“ поттикнуваме поголема грижа за животната средина, заедничка одговорност и активно учество на граѓаните во зачувувањето на јавните простори. Целта на акцијата беше чистење на јавна површина и подигнување…