Партнерската организација Centar Manjinske Zajednice во посета на Прилеп

Со цел промоција на меѓурелигискиот и меѓуетничкиот дијалог преку заеднички колективни акции, во периодот 27-28 јули, претставници на партнерската организација Centar Manjinske Zajednice  од Косово беа во студиска посета на Прилеп и нашето здружение.

Студиската посета се реализираше во соработка помеѓу NDI Косово и NDI Северна Македонија со цел зголемување на соработката помеѓу „сестринските општини“ во рамките на #WBRF програмата.

За време на посетата гостите имаа можност да посетат различни културни, верски и историски објекти во Прилеп и околината. Тие ги посетија Старата Црква „Св. Благовештение“ и Грчката Црква во Прилеп, по што следеше посета на Музејот 11 Октомври посветен на историјата на Прилеп од 20 век. Првиот ден заврши со посета на Паркот на револуцијата – Могила на непобедените.

На вториот ден од посетата учесниците ги посетија Саат-кулата и Чарши џамијата во центарот на Прилеп, а потоа и џамијата во Тризла. Краткото патување беше заокружено со посета на манастирот Трескавец во околината на Прилеп.

Во текот на посетата, двете организации потпишаа Меморандум за разбирање за идна соработка.

Similar Posts