Здружението за правна едукација и транспарентност СТАНИЦА П.Е.Т. Прилеп на 01.07.2021 година во рамките на проектот: „Унапредување на процесот на закрепнување и навремена реакција на ромската заедница во кризни состојби преку партиципативно и проактивно дејствување“, спроведе работилница за подготовка на PhotoVoice.
Целта на проектот е унапредување на процесот на закрепнување и навремена реакција на ромската заедница во кризна состојба преку обезбедување на активно учество на граѓаните.

На работилницата зедоа учество 6 учесници, кои активно работат на спроведување на активностите од проектот на терен. За време на истатата, учесниците се запознаа со основите на фотографирање и споделување на реалноста преку употреба на методот PhotoVoice, преку кој членовите на заедницата ќе можат да ја отсликаат фактичката состојба на терен настаната поради ефектите на Ковид-19 пандемијата.


Проектот: „Унапредување на процесот на закрепнување и навремена реакција на ромската заедница во кризни состојби преку партиципативно и проактивно дејствување“ го спроведува Здружение за еманципација, солидарност и еднаквост на жените – ЕСЕ, во партнерство со Здружение на граѓани за здравствена, социјална и образовна поддршка „Иницијатива за развој и инклузија на заедниците“ – ИРИЗ, Здружение за развој и унапредување на ромската заедница – Романо Чачипе, Здружение на граѓани на просветни работници за заштита на правата на жените и децата – ЛИЛ и Здружение за правна едукација и транспарентност СТАНИЦА П.Е.Т., поддржан од Светска здравствена организација.
