Креативна акција: „Градот и трите градинки“

На 01.04.2023 година, организирана беше Креативна акција која на еден иновативен начин имаше за цел да ги потсети надлежните за дадените предизборни ветувања за решавање на проблемот со детските градинки во општина Прилеп. Акцијата се реализираше во рамки на проектот: „Граѓански ангажман за подобра иднина“, кој Станица П.Е.Т. го спроведува во периодот ноември 2022 – април 2023 година.

На настанот активисти на Станица П.Е.Т. со креативен перформанс ја промовираа Приказната за „Градот и трите градинки“ која всушност е краток есеј во кој на раскажувачки и сатиричен начин се опишува проблемот со недоволните капацитети за згрижување на децата од предучилишна возраст во Прилеп. Главната цел на настанот е да се потсети локалната власт дека во предизборната кампања беше ветено довршување на изградбата на градинката во населба Точила, изградба на нова градинка во населбата Кузман 2, како и пренемена на дел од ООУ „Кочо Рацин“ во детска градинка и со овие три активности требаше да се реши проблемот со недостатокот на капацитети за згрижување за децата кои живеат во урбаните средини на Општина Прилеп. Акцијата ја посетија околу 40ина граѓани, кои истакнаа дека: „потребно е поголемо учество на граѓаните со цел исполнување на предизборните ветувања и што поскоро пуштање во употреба на новите градинки“ – кажа Златко Шапкоски, родител. Воедно, Гордана Христовска рече: „треба да се исполнуваат предизборните ветувања и граѓаните да го добијат тоа што им било ветено, во случајов три нови детски градинки со кои ќе се влијае на квалитетот на целокупниот предучилишен образовен процес кај децата“. 

Креативната акција беше поделена во 3 дела: 1. Лепење на постери во близина на локациите каде биле предвидени детските градинки со содржина: “Се бара“, но се бара градинката и е понудена награда во биткоини за сите оние кои ќе дадат информации за непостоечките градинки; 2. Поставени се патоказни табли со натпис  – Детска градинка кои покажуваат насока кон неизградените градинки, а кои имаат за цел да дадат лажна перцепција дека градинките постојат. Следејќи ги патоказите граѓаните можеа да дојдат до самото место каде што ги дочекаа билборди со неостварени ветувања, кои на малку сатиричен начин ги претставуваат фактите и ветувањата дадени за градинките. и 3. Приказна за „Градот и трите градинки“ – која беше промовирана на просторот каде што сеуште стои недоизградената градинка, па со сечење на црвена лента, конфети и балони беше “фиктивно“ отворена детската градинка во населба Точила.

Целта на настанот беше да се алармира локалната, но и целата јавност за недостатокот на јавни установи за згрижување на деца кое го погодува целокупното население во Прилеп и околината, но особено граѓаните од ранливите категории и семејствата со минимални примања.  

Активностите се дел од проектот „Поддршка на изборни реформи” на Владата на Швајцарија, имплементиран од Меѓународната фондација за изборни системи (ИФЕС). Искажаните ставови, мислења и содржини на овие активности не мора да ги отсликуваат ставовите на донаторот, проектот или имплементаторот.” #ChinMK

Similar Posts

  • Прв регионален состанок на COPASAH EUROPE

    Во периодот 19-21 јуни, Христина Здравеска од нашето здружение учествуваше на првиот регионален состанок на Мрежата на практичари во заедницата за отчетност и општествена акција во здравството COPASAH EUROPE кој се одржува во Тирана, Албанија. На тридневниот состанок се финализираше Комуникациската стратегија и Планот за работа на мрежата, се дискутираше за главните предизвици и проблеми…

  • СТАНИЦА П.Е.Т. подготви Комуникациска стратегија

    Во рамките на проектот: „Транспарентно делување за отчетно однесување“, Здружение за правна едукација и транспарентност СТАНИЦА П.Е.Т. подготви Комуникациска стратегија чија главна цел е подобрување на видливоста и транспарентноста во работата пред целните групи, крајните корисници и останатите засегнати страни. Комуникациската стратегија на СТАНИЦА П.Е.Т. оди во насока на остварување настратешките цели на Здружението и треба да…

  • Јавен настан – изложба 22 Април – Ден на планетата земја

    На 22 Април 2023 година, пред ЈОУ Градска библиотека „Борка Талески“ во Прилеп, беше организиран јавен настан – креативна еколошка изложба на photo voice изработки насловена како: „Планетата те повикува“. Изложбата на photo voice беше организирана како дел од активностите на проектот кој го спроведува здружението, финансиран од Мрежата за правно зајакнување (Legal Empowerment fund), а по повод…

  • Едукативно предавање: „Семејно насилство и малолетнички бракови“

    Детските бракови се многу честа причина и извор на родово-базирано насилство! На ден 26.11.2024 година, во соработка со МВР – Сектор за внатрешни работи – Битола и Одделение за внатрешни работи – Прилеп организиравме едукативно предавање на тема „Семејно насилство и малолетнички бракови“ како уште една во низата активности за одбележување на 16 дена активизам…

  • Интер-религиски инфо караван

    Во периодот 20-24 ноември Здружение СТАНИЦА ПЕТ во рамки на Програмата за верски слободи на Западен Балкан спроведувана од Националниот Демократски Институт, реализираше Интер-религиски инфо караван во Општините Прилеп, Кривогаштани и Долнени. Со караванот беа опфатени околу 150 граѓани од 6 населени места во овие општини, со кои беа споделени промотивни материјали и пораки за развој и…

  • Младите заедно за градење мир, меѓуетничка толеранција и управување со конфликти

    На 18-19 април 2024 година беше организирана дводневна уметничка работилница на која 22 млади луѓе од различни заедници ги искажаа своите ставови и идеи за тоа што значи за нив помирувањето и градењето мир. За време на работилницата, младите имаа можност да учат за темите мир, помирување, толеранција, меѓуетничко разбирање и решавање на конфликти, а преку врснички…