за избор на понудувачи на услуги за спроведување на верификувани обуки
Здружение за правна едукација и транспарентност СТАНИЦА П.Е.Т. Прилеп, со седиште на ул.Прилепски бранители бр.24/1 – мезанин, 7500 Прилеп со ЕМБС 7311834 и ЕДБ 4021018536546, застапувано од извршната директорка Весна Шапкоски, објавува:
ОТВОРЕН ПОВИК
за избор на понудувачи на услуги за спроведување на верификувани обуки
1. ВОВЕД
Овој документ содржи упатства за заинтересираните апликанти да одговорат на отворениот повик за обезбедување на верификувани обуки.
Предмет на договорот е ангажирање на правно лице во својство на понудувач на услуга за спроведување на верификувани обуки за целната група, како дел од проектот „Зајакнување на националните и локални капацитети за подршка на ефективна социо – економска интеграција на повратниците во земјите на Западен Балкан (00123780)“,кој се спроведува со финансиска поддршка од Програмата за развој на Обединетите Нации – УНДП, а во рамки на проектот „Иновативен пристап за развој на бизниси и социо-економска интеграција за поддршка на повратниците и другите маргинализирани групи во општина Прилеп“.
2. ЦЕЛИ
Понудувачот на услугата треба да обезбеди верификувани обуки за 10 лица од Општина Прилеп, со цел да се стекнат со потребните вештини и знаења за следните обуки:
- Обука за фризер за мажи и жени
- Обука за шминкер
- Обука за надградба на нокти, маникир и педикир
Во овој контекст, понудувачот на услугата ќе биде одговорен за следните активности:
- Развивање или приспособување на наставна програма за обуки на погоре наведените профили, врз основа на позадината на учесниците;
- Теоретска и практична обука и оценување на стекнатото знаење на 10 лица со потребните вештини, согласно правната регулатива за неформално образование;
- Планирање на активностите и временската рамка, имплементација и известување за активностите ќе се врши во координација со здружението;
- Подготовка на списоци за редовност и присуство на учесниците;
- Доделување на сертификати за завршување на обуката.
3. ПОСТАПКА ЗА ПРИЈАВУВАЊЕ
Заинтересираните верификувани спроведувачи треба да ги исполнуваат следните услови:
- Документ за регистрирана дејност – образование на возрасни;
- Потврда/изјава за располагање со стручен кадар кој ќе ја спроведува програмата;
- Решение за верификација на посебна програма за обука издадено од страна на ЈУ Центар за образование на возрасните – Скопје;
- Решение за верификација на установа/институција за образование на возрасните издадено од страна на Министерство за образование и наука, до започнување на обуката.
- Техничка понуда составена од:
- опис на профилот на компанијата со релевантно искуство во спроведување на обуки преку теоретска, практична работа и евалуација на знаењето;
- опис на наставната програма и план за обука вклучувајќи практична работа изразена во часови;
- Финансиската понуда составена од:
- цена за секоја обука по лице за вкупно 10 лица;
- сите применливи трошоци;
- цените во понудата треба да бидат изразени во денари.
Апликантот треба да ја достави целосната документација во електронска верзија на следната електронска адреса: [email protected], најдоцна до 04.10.2024 година до 16:00 часот, со назнака: За спроведување на верификувани обуки.
За дополнителни прашања во врска со повикот можете да се обратите на телефонскиот број 076/278-753, лице за контакт Џенгис Бериша, административен лидер.
4. ЕВАЛУАЦИЈА НА ПОНУДИТЕ
Добиените апликации ќе бидат разгледани, оценети и евалуирани од страна на комисија основана од Здружението за правна едукација и транспарентност СТАНИЦА П.Е.Т. Прилеп. Некомплетните апликации и апликациите добиени по истекот на рокот нема да бидат разгледувани за понатамошна евалуација. Ве молиме осигурете се дека ги имате обезбедено сите побарани документи. Сите примени понуди прво ќе бидат предмет на административна проверка. Понудите кои ќе ја поминат административната проверка ќе бидат предмет на техничка и финансиска евалуација врз основа на следната табела за бодирање.
*Критериуми за техничка евалуација (50 поени)
| Критериуми | Максимален број на поени | Нивоа на бодирање |
| Опис на профилот на компанијата со релевантни години искуство во спроведување на обуки преку теоретска, практична работа и оценка на знаењата. Минимум две години искуство во спроведување на обуки преку теоретска и практична работа, оценка. | 25 | 2-3 години = 20 поени, 4-5 години = 25 поени |
| Опис на наставната програма и планот за обука. Минимум часови на обука, вклучувајќи практична работа. | 25 | 150 часови = 20 поени, 150-180 часови = 25 поени |
| ВКУПНО | 50 |
*Критериуми за финансиска евалуација (50 поени)
Изборот се базира на принципот на најдобра вредност на понудата, при што финансиската понуда придонесува со максимум 50 поени за целокупната евалуација. Понудата со најниска цена ќе добие вкупно 50 поени. Другите понуди со повисоки цени ќе добијат пропорционален резултат според следната формула: 50 x (Најниска понуда / Предложена понуда).
Апликантот со највисок вкупен број поени од техничката и финансиската евалуација ќе биде избран за склучување на договорот за услуги за спроведување на верификувани обуки.