Промовирањето на успешни приказни од социјални и бизнис претпријатија од регионот е моќна алатка за мотивирање на младите и нивна активација.
Во текот на месец февруари, во општина Долнени реализиравме Информативен караван насловен „Поблиску до иновативни идеи“ кој имаше за цел презентирање на иновативни идеи преку дистрибуција на промотивни материјали (летоци, пенкала и беџови).






Со активноста беа опфатени повеќе од 300 млади од долненскиот регион, при што беа посетени младите од ООУ „Исмаил Ќемали“, с.Црнилиште, с.Дебреште, с.Лажани и с.Ропотово. За време на караванот на младите им беа поделени промотивни материјали, се разговараше за иновативни идеи и начини за отпочнување на свој бизнис, основите на социјално претприемништво и нивна активација на пазарот на труд преку ефективно користење на можностите за вработување.






Активноста е дел од проектот: „Социо-економско јакнење на младите од Општина Долнени“, кој е финансиран од Европската Унија преку проектот „Потпри се младите“, спроведуван од Македонска развојна фондација за претпријатија, Rural Coalition – Рурална Коалиција, Junior Achievement Macedonia и ЕЛИТ – здружение на жени менаџери.