На ден 21.07.2022 во прсториите на КЛУБ ПЕТ се одржа обука за зајакнување на капацитетите на здравствените промотори и параправници на здружението која беше посветена на заштитата на правата на пациентите, препознавање и навремено реагирање во случај на идентификувани злоупотреби.
Темата за обуката беше избрана како резултат на актуелните случувања во областа здравство, односно истражувачката строја на ИРЛ каде беше откриено прекршување на правата на пациентите во приватната клиника Жан Митрев, каде на пациентите не им биле давани точни информации за процедурата која врз нив била применувана за време на лекување од КОВИД – 19.
Поради тоа, со учесниците на обуката се дискутираше за Законот за заштита на правата на пациентите (посебно за чл. 17 – заштита на права на пациент над кој се врши науно истражување) како и за начелата на хуманост и достапност и правото на информираност на пациентите.
*Активноста е дел од проектот Центар за пристап до правда, кој се реализира со поддршка од Фондација Отворено општество Македонија. Ставовите изнесени на овој настан не ги изразуваат ставовите и гледиштатата на ФООМ.