Антикорупцијата во здравството низ призмата на теренската работа!

Во периодот август-септември 2020, беше изработен промотивен материјал – маица на чија предна страна беа испечатени цитати (фрази), кои се дел од заклучоците добиени од одржаните индивидуалните интервјуа и фокус групите со корисници на услуги на ЈЗУ Општа Болница Прилеп. Во текот на месец септември 2020 година беше организирана теренска акција за дистрибуција на промотивниот материјал со која беа опфатени 150 граѓани од Прилеп и околните населени места.

Голем дел од граѓаните се идентификуваа со цитатите од промотивниот материјал, и се согласија дека треба заеднички да се работи за надминување на проблемите кои постојат со години. Особено впечатлив беше моментот кога дел од нив самоиницијативно одлучија да ги носат маиците при нивната следна посета на болницата (при што за истото ни испратија и фотографии), вклучувајќи се на таков начин во активизмот за промени кој го започнавме. На ваков начин, придонесовме за демистификација на поимот „корупција“ и го сведовме на ниво кое е опипливо за граѓаните, наместо како досега – апстрактна појава која најчесто се користи за дневно-политички и партиски пресметки.

Similar Posts

  • Ова не е честитка за 8ми Март

    Трета информативна содржина – „Ова не е честитка за 8 Март – ова е потсетник за жртвите кои повеќе не се меѓу нас“, беше објавен по повод Меѓународниот ден на жената и имаше за цел да ја насочи јавноста кон сериозноста на родово базираното насилство и фемицидот. Преку емотивна и директна порака се потенцираше потребата…

  • ПЛАТНЕНА ТОРБА (2019)

    Температурите растат, но активностите не се намалуваат! Во текот на јули 2019, нашите Промотори во заедницата повторно реализираа повеќе неформални посети на поединци и домаќинства заради информирање за здравствените права. Темите овојпат се однесуваа на начинот и постапката на остварување на правата на итна медицинска помош и правото на домашно лекување, како и разграничувањето помеѓу…

  • ТОРБА (2023)

    Промотивен материјал – торба. „Сите жртви на родово-базирано насилство не изгледаат исто! Некои се скромни, тивки и повлечени, некои се сиромашни и необразовани, некои се добро ситуирани, образовани, имаат успешни кариери, можат да бидат гласни и активни. Она што е заедничко е дека на секоја и треба помош. Помош, која можеби таа сама нема да…

  • Демнење – не е внимание. Тоа е насилство!

    Демнењето не е внимание. Не е љубов. Не е грижа. Тоа е НАСИЛСТВО. Следење во живо и на социјални мрежи, проверување каде си и несакан контакт по раскинување – се форми на демнење. Имаш право на безбедност. Побарај помош. Пријави. **Оваа активност е дел од проектот „Пат до безбедност: Јакнење на услуги за психосоцијална поддршка…

  • ЛЕТОК (2020)

    #ПразнувајОдговорно во кругот на семејството Во пресрет на новогодишните празници, а поради опасност од масовни собири и зголемување на бројот на заболени од КОВИД-19 вирусот, здравствените промотори реализираа теренска акција со која беа опфатени околу 70 семејства на кои им беше поделен промотивен материјал со наслов „Празнувај одговорно!“. Уште еднаш ги потсетија на препораките од здравствените…

  • Дивите депонии не исчезнуваат сами од себе – нивното чистење го плаќаме сите.

    Дивите депонии не исчезнуваат сами од себе – нивното чистење го плаќаме сите. Во инфографикот погледнете колку депонии биле исчистени во Општина Прилеп во 2024 и 2025 година од страна на ЈКП Комуналец Прилеп, колкава количина отпад била отстранета и колку средства биле потрошени. Отпадот има свое место. Со одговорно одлагање на отпадот придонесуваме за…