Секоја година, во изминатите 5 години, Намати и Mрежата за правно зајакнување соработуваат со партнери за водење на Kурсот за лидерско правно зајакнување на Централноевропскиот универзитет во Будимпешта. Целта на еднонеделниот курс е усовршување на глобален кадар на лидери кои се посветени на правно зајакнување кои споделуваат заедничко разбирање во оваа област, вклучително и историја, методологија и докази.
Курсот е дизајниран да развие дискусија и да им обезбеди на учесниците практични знаења за да ја унапредат својата работа во областа на правното зајакнување. Ова вклучува сесии за стекнување практични вештини на теми како: мапирање на моќ, педагогија за правно образование во заедницата и користење на податоци за случаи за застапување.
За таа цел, секој учесник е должен да изготви детален план за работа заснован на сесиите кои се дел од курсот, за што добива и дневни повратни информации од неговите колеги. Во 2018 година се воведоа и награди за најдобри работни планови за учесници. На организациските планови за работа што добиваат најмногу гласови од факултет и од другите учесници им се доделуваат 5.000 УСД за да ги поддржат во нивното спроведување.
Намати и Мрежата за правно зајакнување, ја споделија листата со добитници на наградите за 2019 година, при што како една од добитниците на наградата беше избрана и извршната директорка на СТАНИЦА П.Е.Т. – Весна Шапкоски за работниот план за воведување и имплементација на телефонска и онлајн услуга Повикај итна параправна помош наменета за лицата од ромската и руралните заедници. Работниот план се фокусира на подобрување на пристапот до правда и параправна помош за граѓаните кои припаѓаат на некои од маргинализираните групи во Северна Македонија, како што се: луѓе кои живеат во руралните области, семејства во социјален ризик и поранешни затвореници.
Повеќе информации можете да прочитате на следниот линк.
