#ПразнувајОдговорно во кругот на семејството

Во пресрет на новогодишните празници, а поради опасност од масовни собири и зголемување на бројот на заболени од КОВИД-19 вирусот, здравствените промотори реализираа теренска акција со која беа опфатени околу 70 семејства на кои им беше поделен промотивен материјал со наслов „Празнувај одговорно!“.

Уште еднаш ги потсетија на препораките од здравствените служби за држење растојание од 2 метри, носење заштитна опрема (маска, марама, шал) и редовно миење на раце и дезинфекција, кои се од исклучително значење за заштита од КОВИД-19. 

Similar Posts

  • Колку средства се издвојуваат за животна средина во Општина Прилеп и колку од нив навистина се реализираат?

    Колку средства се издвојуваат за животна средина во Општина Прилеп и колку од нив навистина се реализираат? Kаде биле насочени средствата во 2024 и 2025 година и колкава е нивната реализација. **Информативниот материјал е подготвен во рамки на проектот „Еко иницијатива: граѓаните и локалната власт во акција за заштита на животната средина!“, имплементиран од Здружение…

  • Кои се најчестите форми на родово базирано насилство и кого најмногу погодуваат?

    Кои се најчестите форми на родово базирано насилство и кого најмногу погодуваат? Дознајте повеќе во картичката. **Оваа активност е дел од проектот „ Заедно против насилството: Подобрување на информираноста и реакцијата на заедницата “, кој го спроведувa Здружение за правна едукација и транспарентност Станица ПЕТ Прилеп“, во рамки на акцијата „СЕ ГРИЖИМЕ: Заедно се бориме…

  • Зошто е важна психосоцијалната поддршка за жртвите на родово базирано и семејно насилство

    Информативната содржина – „Зошто е важна психосоцијалната поддршка за жртвите на родово базирано и семејно насилство“ ја објаснува нејзината улога во процесот на закрепнување – намалување на стресот и стравот, зајакнување на самодовербата, поддршка во носењето одлуки и спречување на чувството на изолираност, поврзувајќи ги овие придобивки со услугите што ги обезбедуваме. **Оваа активност е…

  • ТОРБА (2021)

    Промотивен материјал – торба за промоција на услугата „Прашај здравствен промотор“ и едукација како правилно да се користат маски за заштита од Ковид-19. Во рамките на оваа активност, здравствените промотори ја промовираа услугата „Прашај здравствен промотор“ која е активна од почетокот на годината, а има за цел давање помош и поддршка на граѓаните за остварување на права поврзани…

  • Демнење – не е внимание. Тоа е насилство!

    Демнењето не е внимание. Не е љубов. Не е грижа. Тоа е НАСИЛСТВО. Следење во живо и на социјални мрежи, проверување каде си и несакан контакт по раскинување – се форми на демнење. Имаш право на безбедност. Побарај помош. Пријави. **Оваа активност е дел од проектот „Пат до безбедност: Јакнење на услуги за психосоцијална поддршка…

  • Иницијативата Зелен петок – мал чекор, голема промена!

    8 месеци. 8 акции. 240 вклучени граѓани. Преку иницијативата „Зелен петок“ заедно со граѓаните, учениците, институциите и бизнис секторот работевме на подигање на еколошката свест во Прилеп. Мапа на еко грижи и идеи за Прилеп Едукативни работилници Ликовна работилница и изложба „Еко перспективи за Прилеп“ Акции за чистење Две акции „Размена наместо отпад“ Малите чекори…