Трета информативна содржина – „Ова не е честитка за 8 Март – ова е потсетник за жртвите кои повеќе не се меѓу нас“, беше објавен по повод Меѓународниот ден на жената и имаше за цел да ја насочи јавноста кон сериозноста на родово базираното насилство и фемицидот. Преку емотивна и директна порака се потенцираше потребата од навремена реакција, институционална заштита и општествена одговорност.

**Оваа активност е дел од проектот „Пат до безбедност: Јакнење на услуги за психосоцијална поддршка за жени и деца“ кој го спроведува Здружение за правна едукација и транспарентност СТАНИЦА ПЕТ, во рамките на проектот „Институционализирање на квалитетни услуги за рехабилитација и интеграција на жртви од насилство II“ финансиран од Австриската агенција за развој (АДА) како дел од Меѓународни Партнерства Австрија (International Partnerships Austria), а имплементиран од Националната мрежа против насилство врз жени и семејно насилство.