ПЛАТНЕНА ТОРБА (2019)

Температурите растат, но активностите не се намалуваат!

Во текот на јули 2019, нашите Промотори во заедницата повторно реализираа повеќе неформални посети на поединци и домаќинства заради информирање за здравствените права.

Темите овојпат се однесуваа на начинот и постапката на остварување на правата на итна медицинска помош и правото на домашно лекување, како и разграничувањето помеѓу овие две кое често предизвикува забуни кај населението. Едукацијата се остваруваше преку делење на промотивен материјал – платнена торба на која од двете страни беа појаснети начинот и постапката за остварување на овие две права. Со оваа активност беа опфатени 50тина семејства од Прилеп.

Similar Posts

  • МАИЦА (2021)

    Промотивен материјал – маичка за едукација за потребата од вакцинирање за заштита против Ковид-19. Промоторите ги запознаа граѓаните со потребата од спроведување на масовна вакцинација во сите населени места, како би се обезбедила навремена заштита и би спречиле повторно ширење на вирусот и враќање на рестриктивните мерки.

  • Инклузивна психосоцијална поддршка

    Зошто е важна психосоцијалната поддршка за жртвите на родово базирано и семејно насилство? Не плаши се да побараш помош! Направи го првиот чекор! Охрабрувањето и поддршката менуваат сè. Оваа публикација е изработена со финансиска поддршка од Европската Унија. Содржината на оваа публикација е единствена одговорност на Здружение за правна едукациjа и транспарентност СТАНИЦА ПЕТ Прилеп…

  • ЛЕТОК (2020)

    #ПразнувајОдговорно во кругот на семејството Во пресрет на новогодишните празници, а поради опасност од масовни собири и зголемување на бројот на заболени од КОВИД-19 вирусот, здравствените промотори реализираа теренска акција со која беа опфатени околу 70 семејства на кои им беше поделен промотивен материјал со наслов „Празнувај одговорно!“. Уште еднаш ги потсетија на препораките од здравствените…

  • Информативен флаер – услуги на психосоцијална поддршка за жени и деца жртви на родово базирано и семејно насилство

    Информативен флаер кој се однесува на обезбедување психосоцијална поддршка за жени и деца жртви на родово базирано и семејно насилство. Главната порака е дека жртвите не се сами и дека поддршката е лесно достапна. Исто така, флаерот нагласува дека поддршката е бесплатна, доверлива и стручна, и ги охрабрува жртвите да побараат помош. Покрај тоа, флаерот…

  • Иницијативата Зелен петок – мал чекор, голема промена!

    8 месеци. 8 акции. 240 вклучени граѓани. Преку иницијативата „Зелен петок“ заедно со граѓаните, учениците, институциите и бизнис секторот работевме на подигање на еколошката свест во Прилеп. Мапа на еко грижи и идеи за Прилеп Едукативни работилници Ликовна работилница и изложба „Еко перспективи за Прилеп“ Акции за чистење Две акции „Размена наместо отпад“ Малите чекори…

  • ЧАДОР (2019)

    Заштитата е универзална. Не само од дождот, нашите чадори испраќаат пораки и за вашето здравје. Во периодот септември-октомври 2019, нашите Промотори во заедницата беа активни во информирање за заштита и унапредување на здравјето на децата и репродуктивното здравје на возрасните, преку редовна вакцинација и користење на контрацептивни средства. Пораки на овие теми беа пренесени на…