Реализирани три фокус групи во рамки на проектот „Анти-корупција во здравството низ призмата на теренската работа“

Во периодот 23.07. – 30.07.2020 година беа реализирани три фокус групи во рамките на проектот: „Анти – корупција во здравството низ призмата на теренската работа“, за анализа на квалитетот на реалните услуги кои ги добиваат граѓаните кои се предмет на јавните набавки во здравствените установи.

За време на трите фокус групи кои се одржаа на 23ти, 28ми и 30ти јули со граѓаните од нас. Тризла, граѓани на општина Прилеп и општина Кривогаштани се дискутираше за задоволството на граѓаните од услугите кои ги добивале од ЈЗУ Општа болница Прилеп во периодот 2018/2019 година. На фокус групите учество зедоа вкупно 39 лица. 

Главните проблеми со кои се соочуваат граѓаните се: лошата храна која ја добивале за време на болничкото лекување, недоволен медицински потрошен материјал (игли, шприцеви, лекови), несоодветен пристап на медицинскиот персонал кон пациентите, недостатокот на магнетна резонанца за што биле приморани да патуваат до друг град за што биле изложени на дополнителни трошоци и сл. 

Разговорите со заедниците за квалитетот на здравствените услуги се секогаш актуелни, а особено во време кога јавно-здравствената заштита има толку критично и централно значење во нашите животи. Токму затоа летните вечери ги посветивме на оваа активност, за да и дадеме глас на заедницата и да ги градиме нашите иницијативи врз таа основа.

Similar Posts

  • ЈАВЕН ПОВИК ЗА ДОСТАВУВАЊЕ ПОНУДИ ЗА НАБАВКА НА ОСВЕЖУВАЊЕ (ПИЈАЛАЦИ)

    Здравствениот систем во Северна Македонија со години се соочува со сериозни предизвици поврзани со коруптивни практики, кои го намалуваат квалитетот и достапноста на здравствените услуги. Истражувањата укажуваат дека граѓаните, а особено жените од маргинализираните заедници, често се изложени на директни или индиректни барања за неформални плаќања, непотизам и дискриминација при пристапот до здравствена заштита. Овие…

  • Собранието итно да избере членови на Комисијата за спречување и заштита од дискриминација

    Мрежата за заштита од дискриминација бара Собранието на РСМ итно да спроведе постапка за избор на два члена на Комисијата за спречување и заштита од дискриминација. Јавниот оглас беше објавен на 15 февруари и траеше до 15 март 2023. Согласно член 18 став 3 од Законот за спречување и заштита од дискриминација, Комисијата за избор…

  • Инфографик – Интерсекциска дискриминација кон жени-Ромки и млади Роми од Прилеп

    Во текот на месец март 2022, подготвен е инфографик со резултатите од спроведени фокус-групи со жени-Ромки и млади Роми од Прилеп, кои се соочиле со дискриминација. Во него се поместени најважните податоци од искуствата на учесниците во фокус-групите, а кои се однесуваат на областите и основите за дискриминација, со посебен осврт на интерсекциската дискриминација. 2/3…

  • Мапирање на диви депонии за пристап до климатска правда за маргинализираните граѓани

    Во изминатиот период, Здружение за правна едукација и транспарентност Станица П.Е.Т. изработи мапи на дивите депонии во општина Кривогаштани и ромската заедница во општина Прилеп, со цел обележување и идентификување на проблемот со дивите депонии, што претставува прв чекор кон нивно решавање. Активноста се спроведе преку теренско идентификување на диви депонии во соработка со граѓаните од ромската заедница…

  • Инфо – караван: Правдата не е привилегија

    “Работата со заедниците, мора да произлегува и да се случува директно во заедниците“.  Во периодот од 23.09.2020 до 02.10.2020, Здружение СТАНИЦА П.Е.Т. организираше отворени инфо денови – ИНФО КАРАВАН со граѓаните од општините Прилеп, Кривогаштани и Долнени Прилеп, чија главна цел беше граѓаните на овие општини да се запознаат со активностите на проектот и начинот на кој…

  • Обука за еко амбасадори: Локалните активисти – чекор поблиску до позелена иднина

    Во периодот од 10, 13 и 17 октомври 2025 година се одржа тридневна обука за локални активисти – еко амбасадори, во рамки на проектот „Еко иницијатива: граѓаните и локалната власт во акција за заштита на животната средина!“. Оваа обука беше прв и клучен чекор во креирање мрежа на локални еко амбасадори, кои ќе делуваат како…