ЈАВЕН ОГЛАС за ангажирање на 1 (еден) Експерт за обука за тимот на здружението за обезбедување психо-социјална поддршка на жртви на семејно насилство според националните стандарди

Здружение за правна едукација и транспарентност СТАНИЦА П.Е.Т. за потребите од спроведувањето на проектот: „Пат до безбедност: Јакнење на услуги за психосоцијална поддршка за жени и деца“ поддржан од Австриската агенција за развој (АДА), а имплементиран од Националната мрежа против насилство врз жени и семејно насилство, објавува:

ЈАВЕН ОГЛАС

За ангажирање на 1 (еден)

Експерт за обука за тимот на здружението за обезбедување психо-социјална поддршка на жртви на семејно насилство според националните стандарди

Општи информации за Проектот

Општа цел е да се придонесе кон унапредување на пристапот до квалитетни услуги за жени и деца жртви на родово базирано и семејно насилство, преку зајакнување на локалните даватели на услуги согласно Истанбулската конвенција.

Опис на активноста предмет на овој повик

Ангажманот предмет на овој повик е потребен заради спроведување на Активноста:

А2: Јакнење на капацитетите и обезбедување психо-социјална поддршка за жртви на семејно насилство

Цели, работни задачи и производ од ангажманот

  • Подготовка на 3 еднодневни модули за реализација на обука за обезбедување на стандардизирана психо-социјална поддршка за жртви на семејно насилство, согласно националните стандарди и Истанбулската конвенција. Обуката треба да ги опфати темите: психо-социјална поддршка за жени жртви на насилство, пристап во работа со деца жртви, интерсекциски пристап и управување со стрес и самозаштита на даватели на услуги;
  • Спроведување на 3 еднодневни модули за членовите на тимот на Станица ПЕТ – обука за обезбедување на стандардизирана психо-социјална поддршка за жртви на семејно насилство;
  • Завршен извештај за реализираниот ангажман.

Потребни квалификации:

  • Завршено високо образование (општествени науки);
  • Работно искуство во областа најмалку 1 година;
  • Искуство во обезбедување на обуки во областа на родово базирано и семејно насилство;
  • Познавање на позитивната законска регулатива во областа на семејното насилство и претходни активности поврзани со давање на услуги за психо-социјална поддршка на жртви на семејно насилство;
  • Строго почитување рокови.

Заинтересираните за овој повик треба да ги достават следниве документи:

  • CV (кратка биографија) со релевантно искуство;
  • Мотивационо писмо.

Сите кандидати кои ги исполнуваат условите ќе бидат повикани на интервју.

Времетраење на договорот: 1 месец

Ве замолуваме, целосната документација да ја доставите на е-маил: [email protected], најдоцна до 07.07.2025 година, до 12 часот, со назнака: за јавен оглас – експерт за обука.

Similar Posts

  • ЈАВЕН ОГЛАС за ангажирање на надворешен експерт/експертка за развој на интерни процедури и обука на тимот

    Здружението СТАНИЦА П.Е.Т. Прилеп има потреба од ангажирање на надворешен експерт/експертка за развој и финализирање на интерни процедури релевантни за работата на организацијата со жени и деца изложени на родово базирано и семејно насилство. 1. Предмет на ангажманот Предмет на ангажманот е обезбедување експертска поддршка за развој и финализирање на следните три интерни документи: Како…

  • Ден на добри дела  2025

    На ден 07.04.2025 година, како дел од Светскиот ден на добри дела 2025, се одржа Волонтерска еколошка акција во околината на Прилепското езеро во Прилеп. Активноста се реализираше со поддршка на 20 волонтери ученици од ООУ „Добре Јованоски“ и средношколци од младинските клубови на Здружение Станица ПЕТ, кои заеднички ја чистеа околината на Прилепското езеро…

  • Мобилна канцеларија за параправна помош

    Во изминатиот период, Здружение СТАНИЦА П.Е.Т преку своите правници и параправници во општините Прилеп, Кривогаштани и Долнени, им нуди правна асистенција на граѓаните во остварувањето на нивните основни човекови права во рамките на Мобилната канцеларија за параправна помош. Мобилната канцеларија преку правниците и параправниците дава правни совети и услуги на граѓаните кои живеат во руралните средини, а кои немаат…

  • Дводневна обука за промотори во заедницата

    Во рамки на проектните активности на Центарот за пристап до правда, на ден 13 и 14 Февруари 2020 година во хотел Панорама – Крушево во соработка со Наташа Бошкова, правна советничка во Здружение ХОПС и Коалиција Маргини и Васка Бајрамовска Мустафа, заменик Народен правобранител беше одржана дводневна обука на тема: “Дискриминација и други повреди на здравствените и…

  • Станица П.Е.Т. ја организираше завршната јавна трибина за важноста од препознавањето на корупцијата и судирот на интерес

    На ден 30.03.2021 година се одржа активноста: „Јавна трибина за важноста од препознавањето на корупцијата и судирот на интерес“. Истата се одвиваше со физичко присуство во просториите на социјалното претпријатие „Клуб ПЕТ“, основано во рамките на Станица П.Е.Т. и директен пренос на онлајн платформата ZOOM, со оглед на специфичната ситуација поради Ковид пандемијата. Целта на јавната трибина…

  • СТАНИЦА П.Е.Т. ја зголемува транспарентноста преку објавување на Ревизорски извештај за 2019 година

    Во рамките на проектот: „Транспарентно делување за отчетно однесување“, Здружение за правна едукација и транспарентност СТАНИЦА П.Е.Т., во соработка со овластена Ревизорска куќа подготви Ревизорски извештај за 2019 година кој има за цел подобрување на организациските практики за транспарентно известување за постигнувањата и резултатите на здружението. Ревизорскиот извештај беше изработен во текот на месец октомври 2020 година чија…