Станица П.Е.Т. ја организираше завршната јавна трибина за важноста од препознавањето на корупцијата и судирот на интерес

На ден 30.03.2021 година се одржа активноста: „Јавна трибина за важноста од препознавањето на корупцијата и судирот на интерес“. Истата се одвиваше со физичко присуство во просториите на социјалното претпријатие „Клуб ПЕТ“, основано во рамките на Станица П.Е.Т. и директен пренос на онлајн платформата ZOOM, со оглед на специфичната ситуација поради Ковид пандемијата. Целта на јавната трибина е правна едукација на граѓаните, но и отвореноста на институциите за соработка кои се клучни елементи за враќање на довербата во механизмите за заштита. Јавната трибина се одржа како дел од проектот: „Борба против корупција“ имплементиран од Здружение за правна едукација и транспарентност СТАНИЦА П.Е.Т., а е финансирана од Проектот на УСАИД за граѓанско учество.

За време на трибината, од страна на проектниот координатор Џенгис Бериша беа презентирани поединечно спроведените активности од проектот и видео записот „Корупција и судир на интереси“ кој преку илустративен приказ на основни информации за борбата против корупција и постапката/механизмите за пријавување, а претставничката од ФООМ ги презентираше извештајот и резултатите од истражувањето во врска со корупцијата на локално ниво и набљудување на системите на интегритет во 5 општини (Желино, Карпош, Дојран, Охрид и Прилеп).

Правната советничка од Здружение Станица П.Е.Т. – Христина Здравеска ги презентираше резултатите кои произлегоа од спроведувањето на проектните активности и секојдневната комуникација со граѓаните кои биле жртви на коруптивно однесување или судир на интереси. Согласно ова, таа сподели дека обичниот граѓанин најчесто не може да ја препознае корупцијата, бидејќи никој од нас не знае кое однесување и постапување е коруптивно.

Воедно, учесниците имаа можност да дадат и свои коментари, да дискутираат и да ги споделат своите искуства поврзани со корупцијата.

За крај беше резимирано дека потребно е:

  1. Правилно и сепфатно идентификување на случаи на корупција на локално ниво
  2. Креирање на пракса за соодветно постапување
  3. Разбивање на митот околу појавата на корупција како апстрактна и недостижна за обичниот граѓанин
  4. Препознавање и преземање на конкретни мерки за борба против корупција од страна на граѓаните, особено од маргинализираните заедници, кои се најпогодени од оваа појава на локално ниво и
  5. Креирање на сеопфатни позитивни промени во наративот на сите засегнати страни, бидејќи пристапот не ги таргетира само граѓаните, туку паралелно со нив и здруженијата и локалните институции.

Similar Posts

  • Отворен ден во СТАНИЦА П.Е.Т. – Запознај не и приклучи се

    На ден 01.03.2019 година во канцеларијата на здружението се реализираше отворен ден со цел запознавање на граѓаните на општина Прилеп со работата, активностите и локацијата на здружението, како место каде сите граѓани можат да се обратат за совети и првана едукација, а институциите за посредување при нудење услуги кон граѓаните. Во текот на денот 30тина…

  • Прва еко-акција ЗЕЛЕН ПЕТОК: „Мапа на еко-грижи и идеи“

    На 31 октомври 2025 година, на плоштадот Методија Андонов Ченто во Прилеп, ја одржавме првата еко-акција во рамките на иницијативата ЗЕЛЕН ПЕТОК под наслов „Мапа на еко-грижи и идеи“.Настанот се одржа од 11:00 до 13:00 часот и имаше за цел да ја поттикне граѓанската свест и активното учество во подобрувањето на животната средина преку креативен,…

  • Јавен настан – изложба 22 Април – Ден на планетата земја

    На 22 Април 2023 година, пред ЈОУ Градска библиотека „Борка Талески“ во Прилеп, беше организиран јавен настан – креативна еколошка изложба на photo voice изработки насловена како: „Планетата те повикува“. Изложбата на photo voice беше организирана како дел од активностите на проектот кој го спроведува здружението, финансиран од Мрежата за правно зајакнување (Legal Empowerment fund), а по повод…

  • ОТВОРЕН ПОВИК за избор на Ко-автор за подготовка на локален извештај

    Здружение за правна едукација и транспарентност СТАНИЦА ПЕТ Прилеп во рамки на проектот „Заедно против насилството: Подобрување на информираноста и реакцијата на заедницата“, објавува: ОТВОРЕН ПОВИК  за избор на Ко-автор за подготовка на локален извештај Овој повик има за цел избор на стручно лице, ко-автор за подготовка на локален извештај за состојбата со родово базирано…

  • 2025 ќе биде година на НУЛА говор на омраза на етничка и религиска основа во училиштата во општините Прилеп и Долнени!

    Во текот на месец декември 2024 година, спроведовме серија на активности во општините Прилеп и Долнени за справување и одговор на говорот на омраза на етничка и религиска основа кој постои во онлајн комуникацијата помеѓу младите/учениците од основните и средните училишта. Во таа насока, беа организирани три работилници во две основни и едно средно училиште…

  • Биди одговорен кон себе и другите!

    Со цел да се избегне организирањето на масовни собири, нашите Промотори во заедницата во периодот март – април остварија околу 200 индивидуални посети во различни населби во Прилеп и околината, поделија флаери со препораките од СЗО и Министерството за здравство и средства за лична хигиена. Активноста беше насочена кон семејствата кои поради сиромаштијата, лошите услови…