Мобилна канцеларија за параправна помош

Во изминатиот период, Здружение СТАНИЦА П.Е.Т преку своите правници и параправници во општините Прилеп, Кривогаштани и Долнени, им нуди правна асистенција на граѓаните во остварувањето на нивните основни човекови права во рамките на Мобилната канцеларија за параправна помош.

Мобилната канцеларија преку правниците и параправниците дава правни совети и услуги на граѓаните кои живеат во руралните средини, а кои немаат можност секојдневно да патуваат до градот за да остварат различни права. Целта на мобилната канцеларија е граѓаните да можат да добијат помош и услуги директно во нивните заедници, со што значително ќе се подобри остварувањето на нивните права и ќе се овозможи еднаков пристап до правда за сите.

Здружение Станица П.Е.Т. подготви инфографик за дадените услуги во изминатиот период, спроведените активности и постигнатите резултати со цел да се истакне потребата од продолжување на ваквиот метод на работа кој е поблизок и има значителен удел во нормалното и секојдневно остварување на правата на граѓаните од руралните средини. Така, во периодот август – ноември 2021 година, Здружение Станица П.Е.Т. обезбеди 500 услуги за околу 350 граѓани од руралните средини дадени од страна на правниците и параправниците за остварување на права од здравствена и социјална заштита, како и работнички права, заштита од семејно насилство и дискриминација.

*Активноста е дел од Kyiv Legal Empowerment Practical Program, во организација на Ukrainian Access to Justice School of Practice, како и проектот Пристап до правда за најмаргинализираните, кој го спроведуваат Фондација Отворено општество – Македонија, ХОПС – Опции за здрав живот Скопје и СТАНИЦА П.Е.Т. со поддршка од Европската Унија.

Similar Posts

  • Летен тренинг: Дисеминација на пораки

    Во периодот 5-7 јули, 2019 година во Охрид се одржа летен тренинг на тема: “Дисеминација на пораки”, во соработка со Радио „Пела“. На тренингот учествуваа промоторите во заедницата, кои се едуцираа, вежбаа и истовремено градеа меѓусебна доверба зa пренесување на пораки од индивидуални и колективни интереси. Првиот ден беше резервиран за презентирање на теоретскиот дел за пренесување…

  • Со магарето Марко на патот кон забрзаниот развој!

    На 19 јуни 2023 година, свечено ја промовиравме редовната шпедитерска линија Прилеп-Липов Дол-Витолиште, со која жителите од мариовскиот регион конечно ќе имаат редовен превоз до и од Прилеп. Се стигнува за само 8 часа, а билет плаќа кој колку има! Најеколошка и засега единствена опција за организиран јавен превоз до овие места. Со оваа креативна акција…

  • Обука за еко амбасадори: Локалните активисти – чекор поблиску до позелена иднина

    Во периодот од 10, 13 и 17 октомври 2025 година се одржа тридневна обука за локални активисти – еко амбасадори, во рамки на проектот „Еко иницијатива: граѓаните и локалната власт во акција за заштита на животната средина!“. Оваа обука беше прв и клучен чекор во креирање мрежа на локални еко амбасадори, кои ќе делуваат како…

  • Биди одговорен кон себе и другите!

    Со цел да се избегне организирањето на масовни собири, нашите Промотори во заедницата во периодот март – април остварија околу 200 индивидуални посети во различни населби во Прилеп и околината, поделија флаери со препораките од СЗО и Министерството за здравство и средства за лична хигиена. Активноста беше насочена кон семејствата кои поради сиромаштијата, лошите услови…

  • СТАНИЦА П.Е.Т. организираше серија на обуки за промоторите во заедницата

    “Пристап до правда – да се знае, користи и обликува правото“! Во периодот февруари – јули 2020 година, здружението за правна едукација и транспарентност СТАНИЦА П.Е.Т. одржа серија на обуки за промоторите во заедницата, со цел правно зајакнување на Ромите. Трите обуки се спроведоа во рамките на активноста: „Серија обуки за правно зајакнување на промотори…

  • „Различностите што не поврзуваат“ – изложба на уметнички творби

    На 10 ноември 2022 година, во просториите на ЈОУ Градска библиотека „Борка Талески“ во Прилеп, беше поставена изложба на уметнички творби насловена: „Различностите што не поврзуваат“. Изложбата беше организирана како завршна активност од проектот: „Организирање на заедницата за зголемена меѓу-религиска комуникација и толеранција“, кој во изминатиот период го спроведуваше Здружение Станица П.Е.Т. На изложбата беа претставени 20ина…