ЈАВЕН ОГЛАС за ангажирање на 1 (еден) Експерт за подготовка на програми и интерни документи за стандардизирање на услугата за психо-социјална поддршка за жртви на семејно насилство

Здружение за правна едукација и транспарентност СТАНИЦА П.Е.Т. за потребите од спроведувањето на проектот: „Пат до безбедност: Јакнење на услуги за психосоцијална поддршка за жени и деца“  поддржан од Австриската агенција за развој (АДА),  а имплементиран од Националната мрежа против насилство врз жени и семејно насилство објавува:

ЈАВЕН ОГЛАС

За ангажирање на 1 (еден)

Експерт за подготовка на програми и интерни документи за стандардизирање на услугата за психо-социјална поддршка за жртви на семејно насилство

Општи информации за Проектот

Општа цел на Проектот е да се придонесе кон унапредување на пристапот до квалитетни услуги за жени и деца жртви на родово базирано и семејно насилство, преку зајакнување на локалните даватели на услуги согласно Истанбулската конвенција.      

Опис на активноста предмет на овој повик

 Ангажманот предмет на овој повик е потребен заради спроведување на Активноста:

А1: Подготовка и поднесување на апликација за лиценцирање на услугата психо-социјална поддршка за жртви на семејно насилство

Цели, работни задачи и производ од ангажманот

  • Изработка на стратешки и оперативни документи согласно законските критериуми за лиценцирање на услугата психо-социјална поддршка за жртви на семејно насилство, утврдени во Законот за социјална заштита и релевантните подзаконски акти
  • Консултантска поддршка за подготовка и поднесување на апликација за лиценцирање на услугата психо-социјална поддршка за жртви на семејно насилство до Министерство за социјална политика, демографија и млади
  • Завршен извештај за реализираниот ангажман.

Потребни квалификации:

  • Завршено високо образование (општествени науки);
  • Работно искуство во областа најмалку 1 година;
  • Искуство во подготовка и поднесување на апликација за регистрирање на социјални услуги до Министерство за социјална политика, демографија и млади;
  • Строго почитување рокови.

Заинтересираните за овој повик треба да ги достават следниве документи:

  • CV (кратка биографија) со релевантно искуство;
  • Мотивационо писмо.

Сите кандидати кои ги исполнуваат условите ќе бидат повикани на интервју.

Времетраење на договорот: 2 месеци.

Ве замолуваме, целосната документација да ја доставите на е-маил: [email protected], најдоцна до 07.07.2025 година, до 12 часот, со назнака: за јавен оглас – експерт за подготовка на документи за лиценцирање.

Similar Posts