Регионален настан: „Условен отпуст, електронски надзор и третманот во функција на успешна ресоцијализација и реинтеграција на осудените лица“

На ден 29.11.2024 година во Прилеп се одржа регионален настан на тема „Условен отпуст, електронски надзор и третманот во функција на успешна ресоцијализација и реинтеграција на осудените лица“, во организација на Македонско здружение на млади правници и СТАНИЦА ПЕТ.

На настанот се дискутираше за моменталната состојба со примената на институтот условен отпуст и се споделија предизвиците, проблемите и предлог решенијата на темата од страна на чинителите од различните институции кои се дел од процесот.

Од страна на сите учесници се постигна заедничка согласност дека е потребна почеста употреба на пробацијата и условниот отпуст со заштитен надзор како ефективни алатки за намалување на затворската пренатрупаност, а истовремено постигнување ефективно санкционирање и можност за ресоцијализација и реинтеграција.

На настанот беа присутни Директорот на управата за извршување санкции, Директори на казнено-поправни установи, судии, професори, студенти, како и претставници на Сектори за ресоцијализација при КПУ и пробациски канцеларии.


*Активноста се одржа во рамките на проектот „Воспоставување услуги во заедницата за поддршка на ресоцијализација и реинтеграција на поранешни осуденици” кој го спроведуваат Македонско здружение на млади правници во партнерство со Хелсиншки комитет за човекови права, Избор Струмица и Македонско пенолошко друштво, со поддршка од Европска Унија.

Similar Posts

  • ПРАВДА КОЈА СЕ ОДОЛГОВЛЕКУВА Е ПРАВДА КОЈА НЕ СЕ ПОСТИГНУВА – промоција на анализата на фукционалноста на механизмите за пристап до правда во РСМ

    На ден 28.12.2022 година во просториите на КЛУБ ПЕТ се одржа јавен настан за промоција на публикацијата ПРАВДА КОЈА СЕ ОДОЛГОВЛЕКУВА Е ПРАВДА КОЈА НЕ СЕ ПОСТИГНУВА – Анализа на фукционалноста на механизмите за пристап до правда во Република Северна Македонија. На настанот говорници беа Весна Шапкоски – извршна директорка на СТАНИЦА П.Е.Т. која зборуваше за позадината…

  • СТАНИЦА П.Е.Т. организираше едукативни обуки за Борба против корупција

    Во изминатиот период, СТАНИЦА П.Е.Т. организираше две едукативни обуки за Борба против корупција на кои граѓаните имаа можност да стекнат знаења поврзани со препознавање и пријавување на корупција и судир на интереси.  Обуките за препознавање и пријавување на корупција се одржаа во рамките на проектот: „Правна едукација за борба против корупција“, имплементиран од СТАНИЦА П.Е.Т., а е финансиран…

  • ПРИСТАП ДО КЛИМАТСКА ПРАВДА ПРЕКУ КРЕАТИВНА АКЦИЈА – општина Кривогаштани

    Здружение за правна едукација и транспарентност Станица П.Е.Т. на 24 септември 2021 во општина Кривогаштани спроведе Креативна акција за информирање и подигнување на свесноста во однос на опасноста од климатските промени. Акцијата се одржа во село Кривогаштани, м.в. Ливадски пат, чија цел беше подигнување на свесноста и информирање на пошироката јавност во однос на опасноста од…

  • Од отпад до храна за земјата – успешен циклус на компостирање во Ропотово

    Во периодот мај–октомври 2025 година, во село Ропотово се спроведуваше процесот на колективно компостирање на органски отпад. Со помош на поставените три станици за собирање на органски отпад и една станица за компостирање, локалните жители, заедно со вработените во комуналното претпријатие и тимот на СТАНИЦА ПЕТ, се грижeа и го одржуваа материјалот додека компостот „зрееше“…

  • Едукативен караван „Правдата не е привилегија“

    „Граѓаните имаат потреба да се консултираат и побараат совет за нивните права од социјална заштита, лична документација, здравствена заштита, и тие имаат право тоа да го добијат во нивната заедница, затоа што #Правдата не е привилегија“. Едукативниот караван „Правдата не е привилегија“ во изминатиот период патуваше низ 10 населени места од општините Прилеп, Кривогаштани и Долнени,…

  • Повик за пријавување на учесници на Интер-религиска школа за комуникации

    Здружението за правна едукација и транспарентност СТАНИЦА П.Е.Т. во рамките на проектот: „Организирање на заедницата за зголемена интер-религиска комуникација и толеранција“, објавува Повик за учесници на Интер-религиската школа за комуникации. Доколку сте претставник на граѓанска организација или религиозна група и сакате да дознаете повеќе за меѓусебната толеранција и комуникација, како и да имате можност креативно…