ПРАВДА КОЈА СЕ ОДОЛГОВЛЕКУВА Е ПРАВДА КОЈА НЕ СЕ ПОСТИГНУВА – промоција на анализата на фукционалноста на механизмите за пристап до правда во РСМ

На ден 28.12.2022 година во просториите на КЛУБ ПЕТ се одржа јавен настан за промоција на публикацијата ПРАВДА КОЈА СЕ ОДОЛГОВЛЕКУВА Е ПРАВДА КОЈА НЕ СЕ ПОСТИГНУВА – Анализа на фукционалноста на механизмите за пристап до правда во Република Северна Македонија.

На настанот говорници беа Весна Шапкоски – извршна директорка на СТАНИЦА П.Е.Т. која зборуваше за позадината на проблемот и од каде произлезе потребата за една ваква анализа, како и доц. Д-р Ивона Шушак Лозановска, надворешен соработник на ИИЕС Битола и раководител на Правна клиника при УКЛО Битола, која ги презентираше клучните наоди и дадените препораки во самата анализа.

Заклучоци и препораки:– Правото на пристап до правдата е основно човеково право и клучен услов за остварување на правниот поредок и принципот на владеење на правото. Кога станува збор за еднаков пристап до правдата, овој концепт е многу поширок од она што го подразбираме под правда, бидејќи еднаков пристап до правдата, од една страна, подразбира и постоење на прописи кои ги земаат предвид потребите и специфичните околности на оние граѓани кои најчесто се нарекуваат ранливи или маргинализирани, но што е уште поважно, тоа подразбира и нивна примена што не зависи од општествената моќ на оние кои бараат заштита на нивните права.
– Пристапот до ефективна и ефикасна правда и бесплатна правна помош е детерминиран од законската рамка и од практиките на (не) спроведувањето на истите од страна на давателите и другите учесници во системот на бесплатната правна помош. Новиот систем за бесплатна правна помош, уреден со ЗБПП, во голем дел почнува да функционира на терен, со тоа што Министерството за правда, преку вработените лица во самото министерство и неговите подрачни одделенија, е еден од најзначајните „актери“ во обезбедувањето бесплатна правна помош на подрачјето на РСМ.
– Овластените службени лица во подрачните канцеларии на Министерството за правда се соочуваат со големи предизвици. Тие одлучуваат за допуштеноста и оправданоста на поднесените барања, а дополнително и самото обезбедување и на примарна правна помош бара од нив добро познавање на регулативи од повеќе области. Од тие причини, потребно е, наместо непланско пополнување на празни работни места од шаренолик карактер, акцент да се стави на вработување дипломирани правници со положен правосуден испит кои имаат широки познавања од правната проблематика и се стекнати со соодветно искуство.
– За навремено и квалитетно да ги извршуваат своите работи, подрачните одделенија треба да бидат екипирани со доволен број вработени, со интенција мрежата на подрачни одделенија да биде раширена во сите градови, бидејќи само на таков начин пристапот до правда ќе биде навремен, ефикасен и ефективен.
– Ефективноста ни вели да ги работиме вистинските цели, додека ефикасноста ни вели да ги работиме работите на вистинскиот начин. Од тие причини, бројот на вработени по подрачни одделенија, согласно со сегашните состојби, треба да биде оптимизиран и да се ограничи максималниот број на извршители во едно подрачно одделение во согласност со однапред определени критериуми кои ќе бидат транспарентни и проверливи. На таков начин ќе се работи на создавање стручна и ефикасна, отчетна и транспарентна служба која ќе обезбеди квалитетни услуги за граѓаните и ќе ги заштити нивните права.

На настанот учество зедоа 30 преставници од граѓански сектор, локални институции и заинтересирани граѓани-корисници на услуги на здружението, а истиот беше проследен и од повеќе локални и национални медиуми.

*Активноста се реализираше во рамките на проектот Центар за пристап до правда, кој се спроведува со поддршка на Фондацијата Отворено општество – Македонија. Ставовите и мислењата искажани за време на настанот се единствена одговорност на грантистот и авторката на публикацијата и во никој случај не може да се смета дека ги изразуваат ставовите на Фондацијата Отворено општество – Македонија.

Similar Posts

  • Инфо сесија: Со полни 18 години здравственото осигурување е твоја обврска!

    На ден 16.05.2019 година се одржа информативна сесија на тема: „Со полни 18 години здравственото осигурување е твоја обврска!“. Потребата од овој настан се појави во текот на секојдневната работа на здружението при што беа идентификувани повеќе случаи на лица со полни 18 години кои се соочиле со прекин на правото на здравствено осигурување кога…

  • ЈАВЕН ОГЛАС за ангажирање на надворешен соработник од областа на психологија/социологија

    Здружение за правна едукација и транспарентност СТАНИЦА П.Е.Т. за потребите од спроведувањето на проектот: „Локален сервис за зајакната реинтеграција и ресоцијализација“  поддржан од Европската унија, објавува: ЈАВЕН ОГЛАС За ангажирање на еден (1) надворешен соработник од областа на психологија/социологија Општи информации за Проектот             СТАНИЦА П.Е.Т. го спроведува проектот: „Локален сервис за зајакната реинтеграција и ресоцијализација “.Општа цел…

  • ЈАВЕН ОГЛАС за ангажирање на 1 (еден) Експерт за обука за тимот на здружението за обезбедување психо-социјална поддршка на жртви на семејно насилство според националните стандарди

    Здружение за правна едукација и транспарентност СТАНИЦА П.Е.Т. за потребите од спроведувањето на проектот: „Пат до безбедност: Јакнење на услуги за психосоцијална поддршка за жени и деца“ поддржан од Австриската агенција за развој (АДА), а имплементиран од Националната мрежа против насилство врз жени и семејно насилство, објавува: ЈАВЕН ОГЛАС За ангажирање на 1 (еден) Експерт…

  • Онлајн дискусија: „Еманципацијата и семејното насилство – регулација и пракса“

    “Жените во светот сакаат и заслужуваат еднаква иднина ослободена од стигма, стереотипи и насилство, иднина која е одржлива мирна, со еднакви права и можности за сите. За да се постигне тоа, на светот му требаат жени на секоја маса каде се носат одлуки“. Во организација на Здружение за правна едукација и транспарентност СТАНИЦА П.Е.Т. и Правна клиника…

  • Студиска посета во Келн, Германија

    Во периодот 3-7 октомври, Христина Здравеска од нашата организација беше дел од Студиската посета во Келн Германија како дел од Регионалната програма за верски слободи за Западен Балкан на Националниот Демократски Институт. 5-дневната посета започна со Централната џамија во Келн и Форумот Моше. Централната џамија во Келн е објект направен од Турско-исламскиот сојуз за верски…

  • Иницијална средба на Советот во заедницата

    Здружението за правна едукација и транспарентност СТАНИЦА П.Е.Т. Прилеп на 09.06.2021 година, одржа иницијална средба на Советот во заедницата во согласност со активност 1: Создавање на потребната структура во заедницата, во рамки на проектот: „Унапредување на процесот на закрепнување и навремена реакција на ромската заедница во кризни состојби преку партиципативно и проактивно дејствување“, финансиски поддржан од Светска…