Јавна изложба: „Младите заедно за помирување, толеранција и градење на доверба“

На ден 14.05.2024 година, беше организирана јавна изложба на уметнички дела од учесниците на дводневната уметничка работилница, на која 22 млади луѓе од различни заедници ги искажаа своите ставови и идеи за тоа што значи за нив помирување и градење мир.

Со оваа јавна изложба испративме јасна порака дека уметничкото творештво може да се претстави пред пошироката публика и да се споделуваат пораки преку уметноста со цел промовирање на мирот и толеранцијата и унапредување на меѓуетничките односи.

Активноста се реализира во рамките на проектот „Младински културен фонд на Западен Балкан“ поддржан од германското федерално Министерство за надворешни работи и имплементиран од Регионалната канцеларија за младинска соработка – RYCO*.


*RYCO е меѓувладина организација која управува и промовира регионална и интеркултурна соработка на младите луѓе во и меѓу општествата на Западен Балкан. Програмите на RYCO се фокусираат на создавање можности за младите луѓе да се вклучат во активности кои градат меѓусебно разбирање и помирување во граѓанските, социјалните, образовните, културните и спортските домени. RYCO иницира и учествува во креирањето политики и се залага за реформи. Го поддржува развојот на политичко и социјално опкружување кое ја овластува и ја олеснува размената на младите.

#RYCO #WesternBalkans #RYCOCulturalFund #culturalactivism #WBYCF #јавнаизложба #младински #уметнички дела

Similar Posts

  • Прва средба и работилница на Советот во заедницата

    На 13.07.2021 година, Советот на заедницата на Станица П.Е.Т. организираше прва средба, на која учество зедоа претставниците на Советот и промоторите во заедницата. Средбата се одржа во Клуб П.Е.Т. – социјално претпријатие во рамки на Здружение Станица П.Е.Т. Активноста е дел од проектот: „Унапредување на процесот на закрепнување и навремена реакција на ромската заедница во…

  • Ден на добри дела, за прв пат во Прилеп

    На ден 12.04.2024 година, како дел од Светскиот ден на добри дела 2024, се одржа Креативна акција за цртање на едукативни игри, во подрачното училиште на ООУ „Рампо Левката“ во с. Селце. Активноста се реализираше со поддршка на 20 волонтери ученици од ООУ Рампо Левката и средношколци, кои заеднички цртаа едукативни игри и цртежи во училишниот…

  • Реакција на граѓанските организации – „Да се стави крај на профитерството во време на животно-загрозувачка криза“

    Бараме Државата да воспостави регулативна рамка за утврдување на лекувањето поврзано со COVID-19 кое граѓаните го покриваат со лични средства во приватните здравствени установи, по примерот на определениот максимален износ за плаќање на учество со лични средства (партиципација) во јавното здравство во согласност со Ценовникот на здравствени услуги на Фондот за здравствено осигурување. Предлагаме Фондот…

  • Со магарето Марко на патот кон забрзаниот развој!

    На 19 јуни 2023 година, свечено ја промовиравме редовната шпедитерска линија Прилеп-Липов Дол-Витолиште, со која жителите од мариовскиот регион конечно ќе имаат редовен превоз до и од Прилеп. Се стигнува за само 8 часа, а билет плаќа кој колку има! Најеколошка и засега единствена опција за организиран јавен превоз до овие места. Со оваа креативна акција…

  • Завршен настан „Паметно зелено село за одржлива иднина“

    Денес во Ропотово официјално ги промовиравме резултатите од проектот Паметно зелено село за одржлива иднина, кој се реализираше со поддршка од Фондациите Отворено општество – Западен Балкан. На настанот беа презентирани клучните постигнувања на проектот, како и наодите од предфизибилити студијата за утврдување на потенцијалот на селото и околината за изградба на соларна фарма –…

  • Партнерската организација Centar Manjinske Zajednice во посета на Прилеп

    Со цел промоција на меѓурелигискиот и меѓуетничкиот дијалог преку заеднички колективни акции, во периодот 27-28 јули, претставници на партнерската организација Centar Manjinske Zajednice  од Косово беа во студиска посета на Прилеп и нашето здружение. Студиската посета се реализираше во соработка помеѓу NDI Косово и NDI Северна Македонија со цел зголемување на соработката помеѓу „сестринските општини“…