На ден 12.04.2024 година, како дел од Светскиот ден на добри дела 2024, се одржа Креативна акција за цртање на едукативни игри, во подрачното училиште на ООУ „Рампо Левката“ во с. Селце.


Активноста се реализираше со поддршка на 20 волонтери ученици од ООУ Рампо Левката и средношколци, кои заеднички цртаа едукативни игри и цртежи во училишниот двор, при што покажаа дека духот на волонтерството е сеуште помеѓу нас, но треба да се негува и истакнува, со што би живееле во една подобра и похармонична заедница.


Денот на добри дела е меѓународен ден на волонтирање. Почнувајќи од 2007 година, нејзината мисија е да ги обедини луѓето од целиот свет во правење добри дела за другите и за планетата. Целта на настанот е младите да учат за волонтерството и да бидат вклучени во волонтерски активности за доброто на целата заедница.


Здружението за правна едукација и транспарентност Станица ПЕТ Прилеп, од оваа година за прв пат се приклучува кон глобалното движење „Ден на добри дела“, којшто претставува Меѓународен ден на волонтирање. Почнувајќи од 2007 година, Денот на добри дела има мисија да ги обедини луѓето од целиот свет во правење на добри дела за другите и за планетата. Годинава Денот на добри дела е 14ти април, а на ниво на државата ќе се организираат различни настани и работилници, организирани од Младински културен центар Битола.
#gooddeedsday
#деннадобридела
#mkcbitola
@MkcBitola
@Gooddeddsday