Средба за зајакнување на мултисекторската соработка на локално ниво

На ден 12.02.2024 година во просториите на Станица ПЕТ се одржа средба за зајакнување на мултисекторската соработка помеѓу институциите на локално ниво за подобрување на пристапот и услугите кон осудените лица, поранешно осудени лица и лица спрема кои се извршуваат пробациски работи.

На средбата се дискутираше за евентуални пречки во ресоцијализацијата и реинтеграцијата на осудените лица како и за заеднички заложби за поуспешна имплементација на предвидените активности и подготвените индивидуални планови согласно проектот. На средбата присуствуваа претставници на ЈУ Меѓуопштински центар за социјална работа Прилеп, Канцеларија за пробација Прилеп, КПД Прилеп и Центар за вработување Прилеп.


Средбата се одржа во рамки на проектот “Локален сервис за зајакната реинтеграција“ поддржан од  Македонско здружение на млади правници, Хелсиншки комитет за човекови права,  Македонско пенолошко друштво и Здружение ИЗБОР, финансиран од Европската Унија.

Similar Posts

  • Собранието итно да избере членови на Комисијата за спречување и заштита од дискриминација

    Мрежата за заштита од дискриминација бара Собранието на РСМ итно да спроведе постапка за избор на два члена на Комисијата за спречување и заштита од дискриминација. Јавниот оглас беше објавен на 15 февруари и траеше до 15 март 2023. Согласно член 18 став 3 од Законот за спречување и заштита од дискриминација, Комисијата за избор…

  • Креативна акција: „Градот и трите градинки“

    На 01.04.2023 година, организирана беше Креативна акција која на еден иновативен начин имаше за цел да ги потсети надлежните за дадените предизборни ветувања за решавање на проблемот со детските градинки во општина Прилеп. Акцијата се реализираше во рамки на проектот: „Граѓански ангажман за подобра иднина“, кој Станица П.Е.Т. го спроведува во периодот ноември 2022 – април 2023 година….

  • Големите победи на обичниот човек – успешни приказни од нашата работа

    Во рамки на нашата секојдневна правна и праправна асистенција, освен што решаваме редовни правни и административни проблеми со кои се соочуваат граѓаните, наидуваме и на исклучително комплексни случаи, каде граѓаните со години биле заглавени низ институционалните лавиринти, без можност да ги остварат своите права. Правдата иако понекогаш знае да биде бавна, сепак не е недостижна….

  • Интерна обука за зајакнување на капацитетите на тимот за обезбедување психосоцијална поддршка за жени и деца жртви на насилство

    Во рамки на нашите континуирани напори за обезбедување квалитетна и стандардизирана психосоцијална поддршка за жени и деца жртви на насилство, во периодот 13-15 август 2025, во просториите на Здружение СТАНИЦА ПЕТ се одржа Интерна тридневна обука за нашиот тим. Обуката беше насочена кон унапредување на знаењата и вештините на професионалците кои секојдневно работат со жртви…

  • Мапирање на диви депонии за пристап до климатска правда за маргинализираните граѓани

    Во изминатиот период, Здружение за правна едукација и транспарентност Станица П.Е.Т. изработи мапи на дивите депонии во општина Кривогаштани и ромската заедница во општина Прилеп, со цел обележување и идентификување на проблемот со дивите депонии, што претставува прв чекор кон нивно решавање. Активноста се спроведе преку теренско идентификување на диви депонии во соработка со граѓаните од ромската заедница…

  • Доставена е Петиција за отворање на нови градинки до Општина Прилеп

    На 28.02.2023 година, Здружение за правна едукација и транспарентност Станица П.Е.Т. ја достави Петицијата со барање до Градоначалникот и Советот на Општина Прилеп за исполнување на ветените активности за изградба/доградба и пуштање во употреба на новите капацитети за предучилишна возраст. Петицијата беше подготвена во рамки на проектот: „Граѓански ангажман за подобра иднина“, кој Станица П.Е.Т. го спроведува во…