Студиска посета во Келн, Германија

Во периодот 3-7 октомври, Христина Здравеска од нашата организација беше дел од Студиската посета во Келн Германија како дел од Регионалната програма за верски слободи за Западен Балкан на Националниот Демократски Институт.

5-дневната посета започна со Централната џамија во Келн и Форумот Моше. Централната џамија во Келн е објект направен од Турско-исламскиот сојуз за верски прашања. Форумот на џамијата во Келн е платформа за дијалог помеѓу централната џамија во Келн и урбаното општество во Келн. Тоа е првенствено религиозен, но и социјален и социо-културен чинител.

Посетата продолжи во Градскиот совет на Келн, Одделот за интеграција и различности. Директорот на Канцеларијата за интеграција и различност на градот Келн и поранешен раководител на одделението претставува клучен чинител во работата на одделот што ја обезбеди наградата на ЕУ на градот Келн за различност и инклузија. Келн е првиот Германски град кој ја има потпишано “Повелбата за различности на ЕУ“, која им помага на организациите од јавниот и приватниот сектор низ ЕУ да дизајнираат и имплементираат ефективни политики за различност и вклучување.

Вториот ден учесниците направија обиколка на катедралата во Келн и одржаа состанок во канцелариите на Католичката црква „Колнер дом“. Катедралата „Колнер Дом“ во Келн, и припаѓа на Католичката црква. Тоа е седиште на архиепископот во Келн и на администрацијата на архиепископијата во Келн. катедралата е познат споменик на германскиот католицизам и готската архитектура и е прогласен за светско наследство во 1996 година и е најпосетуваната знаменитост во Германија.

Следно беше овозможена посета на Центарот за документација и Музејот за миграција од Турција – ДОМИД. ДОМИД е основана во 1990 година од имигранти од Турција. Архивата е единствена комбинација која ја отсликува социјалната, културната и секојдневната историја на имиграцијата во Германија.

Подоцна беше остварена обиколка на синагогата и средба со претставник на Еврејската заедница во Келн. На средбата беа претставени капацитетите на институцијата. Заедницата нуди дневни центри за деца, простории за молитви, дом за стари лица, образовни центри и кошер ресторан.

На крајот од работниот ден беше организирана средба со Работната група на СДП за миграција и различност во Келн. Целта на работната група за миграција и различност на СДП е да го промовира учеството на луѓето со историја на имиграција во општеството и партијата и како тие придонесуваат за разновиден соживот, социјална кохезија и еднакви можности.

Следниот ден беше организирана посета на West Deutscher Rundfunk Köln, германскиот јавен радиодифузер Cosmo Radio. WDR COSMO е радио станица која емитува глобална, мултикултурна, поп светска музика. COSMO е посветен на обезбедување на разновиден опсег на музика од целиот свет, вклучувајќи африканска, латиноамериканска и азиска музика. Програмата содржи интервјуа, вести и ток-шоуа. WDR COSMO е посветена на промовирање на културната разновидност и разбирање и на обезбедување платформа за малцинските и маргинализираните гласови.

Подоцна, учесниците имаа обиколка на Источната православна црква во Келн. На посетата се зборуваше за православната заедница, како тие комуницираат со целните групи особено со младите.

На крајот од студиската посета беше организирана сесија со СОФРА. СОФРА е здружение од Келн, кое е резултат од спојувањето на „Rainbow Refugees Cologne Support Group eV“ и самоорганизираниот состанок за ЛГБТИ бегалците и мигрантите. Како прва ЛГБТИ мигрантска самоорганизација во Северна Рајна-Вестфалија, тие обезбедуваат безбеден и моќен простор за ЛГБТИ бегалците и мигрантите.

Станица ПЕТ е благодарна што беше дел од Регионалната програма за верска слобода на Западен Балкан и беше учесник во студиската посета во Келн Германија. Нашата организација ќе ја искористи оваа студиска посета за унапредување на верските слободи и права во нашата заедница.

Similar Posts

  • Инфо сесија: Со полни 18 години здравственото осигурување е твоја обврска!

    На ден 16.05.2019 година се одржа информативна сесија на тема: „Со полни 18 години здравственото осигурување е твоја обврска!“. Потребата од овој настан се појави во текот на секојдневната работа на здружението при што беа идентификувани повеќе случаи на лица со полни 18 години кои се соочиле со прекин на правото на здравствено осигурување кога…

  • Дводневна обука за промотори во заедницата

    Во рамки на проектните активности на Центарот за пристап до правда, на ден 13 и 14 Февруари 2020 година во хотел Панорама – Крушево во соработка со Наташа Бошкова, правна советничка во Здружение ХОПС и Коалиција Маргини и Васка Бајрамовска Мустафа, заменик Народен правобранител беше одржана дводневна обука на тема: “Дискриминација и други повреди на здравствените и…

  • Собранието го сокри огласот за Народен правобранител од јавноста! Бараме Собранието да го поништи и повторно да го објави огласот на транспарентен начин!

    Собранието на РСМ на крајно нетранспарентен и малициозен начин ја започна постапката за именување нов Народен правобранител. На 22-та пленарна седница, одржана на 26.11.2020 година, Собранието изгласало Одлука за распишување на оглас за избор на Народен правобранител. Имајќи ги предвид јавниот интерес за избор на првиот човек на најголемата национална институција за човекови права, како…

  • Соопштение

    Мрежата за заштита од дискриминација бара зголемување на Предлог-буџетот за Комисијата за спречување и заштита од дискриминација со што ќе се обезбеди нејзина функционална независност и непречено и сеопфатно функционирање, со цел грижа за маргинализираните граѓани Владата на РСМ на 1 ноември 2021 ја информираше јавноста дека на 30 октомври го усвоила Предлог-буџетот за 2022 година и…

  • ЈАВЕН ОГЛАС за ангажирање на 1 (еден) Експерт за подготовка на програми и интерни документи за стандардизирање на услугата за психо-социјална поддршка за жртви на семејно насилство

    Здружение за правна едукација и транспарентност СТАНИЦА П.Е.Т. за потребите од спроведувањето на проектот: „Пат до безбедност: Јакнење на услуги за психосоцијална поддршка за жени и деца“  поддржан од Австриската агенција за развој (АДА),  а имплементиран од Националната мрежа против насилство врз жени и семејно насилство објавува: ЈАВЕН ОГЛАС За ангажирање на 1 (еден) Експерт…

  • Јавен оглас за ангажирање на експерт за подготовка на физибилити студија

    Здружение за правна едукација и транспарентност СТАНИЦА ПЕТ Прилеп, во рамки на проектот „Паметно зелено село за одржлива иднина“, кој се реализира со поддршка од Фондации Отворено Општество – Западен Балкан, објавува: ЈАВЕН ОГЛАС За ангажирање на експерт од областа на енергетика за подготовка на Физибилити студија за утврдување на потенцијалот на с. Ропотово и…