Здружение за правна едукација и транспарентност СТАНИЦА П.Е.Т. за потребите од спроведувањето на проектот: „Интерсекциска дискриминација во Северна Македонија“ поддржан од Цивика Мобилитас, објавува:
ПОВИК
за ангажирање на пет (5) анкетари за спроведување на базичен комбиниран прашалник за познавањето на новите одредби и придобивки од Законот за заштита од дискриминација и работата/очекувањата од Комисијата за заштита од дискриминација
Опис на активноста
Ангажманот предмет на овој повик е потребен заради спроведување на Активноста А4 од Проектот насловена како Спроведување на базичен комбиниран прашалник за ранливите и маргинализирани заедници за познавањето на новите одредби и придобивки од Законот за заштита од дискриминација и работата/очекувањата од Комисијата за заштита од дискриминација која треба да се спроведе во текот на месец ноември. Анкетарите треба врз претходно подготвен прашалник да анкетираат вкупно 150 лица припадници на маргинализирани заедници.
Работни задачи:
- Учество на еднодневна обука за Законот за спречување и заштита од дискриминација со посебен осврт на интерсекциска дискриминација;
- Спроведување на 30 прашалници со користење на методот лице во лице со маргинализирани заедници (Роми и лица од руралните средини);
- Внесување на резултатите добиени од спроведениот прашалник во електронска форма.
Потребни квалификации:
- Да ја познава ромската заедница во Прилеп, односно руралните заедници од општините Прилеп и Кривогаштани;
- Искуство во областа на теренската работа и работа со маргинализирани заедници;
- Искуство во прибирање и анализа на податоци;
- Потребна е основна писменост;
- Претходни ангажмани во Здружение СТАНИЦА П.Е.Т кои вклучувале теренска работа со маргинализирани зедници ќе се смета за предност.
Времетраење на договорот: 1 месец
Заинтересираните кандидати да испратат своја кратка биографија (CV) на е-маил: [email protected], најдоцна до 15.10.2021 година.