Бараме Собранието итно да го изгласа новиот состав на Комисијата за спречување и заштита од дискриминација

Реакција на Мрежата за заштита од дискриминација

Собранието на Република Северна Македонија на 31-та седница закажана за 12.1.2020 година не ја изгласа Предлог-одлуката за избор на членови на Комисијата за спречување и заштита од дискриминација. Седницата беше прекината поради немање на кворум за работа на Собранието, со што изборот на членови на институцијата повторно се одолговлече, а со тоа се одложи и почетокот на работата на Комисијата која има мандат да спречува и да штити од дискриминација.

Гласањето, пак, на Предлог-одлуката за избор на членови на Комисијата за спречување и заштита од дискриминација беше втора точка на дневниот ред на седницата на Собранието, веднаш после гласањето на Предлог-одлуката за избор на претседател, на потпретседател и на членови на Државната изборна комисија. Имајќи предвид дека претседателот, потпретседателот и членовите на ДИК едногласно беа изгласани од страна на 95 пратеници, кои беа присутни кога се гласаше за оваа точка на дневниот ред на оваа седница, крајно несериозно и малициозно е тоа што Собранието не оствари кворум за работа (од 61 пратеници) при гласањето за Предлог-одлуката за избор на членови на Комисијата за спречување и заштита од дискриминација, односно што дел од пратениците интенциозно ја напуштија собраниската сала кога требаше да се гласа по оваа точка.

Граѓаните од август 2019 година немаат достапен механизам за заштита од дискриминација, што значи дека Собранието не смее да дозволи воспоставувањето на Комисијата за спречување и заштита од дискриминација дополнително да се развлекува. Затоа, апелираме до претседателот на Собранието на Република Северна Македонија веднаш да закаже продолжување на 31-та седница, на која ќе се гласа  Предлог-одлуката за избор на членови на Комисијата за спречување и заштита од дискриминација.

Ги потсетуваме сите политички партии во Собранието, кои пред изборите ја поддржаа Декларацијата за донесување на Закон за спречување и заштита од дискриминација,, дека се обврзаа да спроведат брза и транспарентна постапка за воспоставување на Комисија за спречување и заштита од дискриминација. Очекуваме дека тие ќе бидат присутни на продолжувањето на седницата и ќе обезбедат кворум за изгласување на предлог одлуката.

Дополнително, покрај бројните недостатоци во постапката за избор на членови на Комисијата за спречување и заштита од дискриминација, сметаме дека овој предлог-состав е значително подобар од кој било претходен состав на Комисијата. Го поздравуваме поставувањето на листата на кандидати со богато искуство во спречувањето и заштитата од дискриминација кои воедно доаѓаат од здруженија кои се етаблирале како независни чинители во унапредувањето на човековите права на граѓаните. Клучна наша забелешка е недостатокот на родово-балансирано учество на предлог-листата, иако половина од кандидатите беа жени, а дел од нив со исклучителни биографии во областа на човековите права и недискриминацијата.

Апелираме до сите пратеници и парламентарни политички партии конечно да го изгласаат новиот состав на Комисијата за спречување и заштита од дискриминација и да овозможат оваа институција да започне со работа со новиот и унапреден состав на членови.

Similar Posts

  • ЈАВЕН ПОВИК за ангажирање на експерт за спроведување на oбука на локални активисти – еко амбасадори

    Здружение за правна едукација и транспарентност СТАНИЦА ПЕТ за потребите од спроведувањето на проектот: „Еко иницијатива: граѓаните и локалната власт во акција за заштита на животната средина!“, имплементиран од Здружение СТАНИЦА ПЕТ, во рамки на програмата за подгрантирање на проектот „Добро владеење во животната средина на Зелена Агенда за Западен Балкан”, имплементиран од Центарот за…

  • Ден на планетата Земја 2026

    Денес го одбележуваме Денот на планетата Земја која е нашиот заеднички дом, кој не бара совршенство, туку грижа, свесност и мали, секојдневни чекори. Ние веруваме дека вистинската промена започнува од секој од нас. Преку еко акции, чистење на диви депонии и едукација, градиме навики што не оставаат штета, туку придонесуваат за обновување на природата. Да…

  • Ова не е честитка за 8 Март – ова е повик за одговорност

    По повод 8 Март, ја објавуваме пораката „Ова не е честитка за 8ми Март“! Целта е да потсетиме дека зад симболиката на овој ден стои реалност со која многу жени сè уште се соочуваат – насилство, институционална незаинтересираност и системски пропусти. Овој дигитален материјал не е порака на одбележување, туку на аларм. Тој е потсетник…

  • ЈАВЕН ОГЛАС за ангажирање на 1 (еден) Експерт за обука за тимот на здружението за обезбедување психо-социјална поддршка на жртви на семејно насилство според националните стандарди

    Здружение за правна едукација и транспарентност СТАНИЦА П.Е.Т. за потребите од спроведувањето на проектот: „Пат до безбедност: Јакнење на услуги за психосоцијална поддршка за жени и деца“ поддржан од Австриската агенција за развој (АДА), а имплементиран од Националната мрежа против насилство врз жени и семејно насилство, објавува: ЈАВЕН ОГЛАС За ангажирање на 1 (еден) Експерт…

  • Јавен настан – изложба 22 Април – Ден на планетата земја

    На 22 Април 2023 година, пред ЈОУ Градска библиотека „Борка Талески“ во Прилеп, беше организиран јавен настан – креативна еколошка изложба на photo voice изработки насловена како: „Планетата те повикува“. Изложбата на photo voice беше организирана како дел од активностите на проектот кој го спроведува здружението, финансиран од Мрежата за правно зајакнување (Legal Empowerment fund), а по повод…

  • СТАНИЦА П.Е.Т. организираше серија на обуки за промоторите во заедницата

    “Пристап до правда – да се знае, користи и обликува правото“! Во периодот февруари – јули 2020 година, здружението за правна едукација и транспарентност СТАНИЦА П.Е.Т. одржа серија на обуки за промоторите во заедницата, со цел правно зајакнување на Ромите. Трите обуки се спроведоа во рамките на активноста: „Серија обуки за правно зајакнување на промотори…