Анти-корупцијата во здравството низ призмата на теренската работа

Во рамки на проектот: „Анти-корупција во здравството и образованието на локално ниво“, поддржан од Фондација Отворено општество – Македонија, на 15.09.2020 година, Здружение СТАНИЦА П.Е.Т. организираше делење на промотивен материјал од врата – на врата до граѓаните во заедницата презентирајќи ги податоците добиени од истражувањето за анти-корупцијата во здравството.

Согласно спроведените индивидуални интервјуа и фокус групи со граѓаните во општина Прилеп и Кривогаштани, главните проблеми со кои се соочуваат пациентите при добивањето услуги од прилепската болница, за кои установата прави или треба да прави соодветни набавки се: недостапност на соодветна терапија, храна, апарати, несоодветен однос на персоналот кон пациентите, недоволната хигиена и сл.

Проектот: „Анти-корупција во здравството и образованието на локално ниво“ се спроведува во периодот ноември 2019–октомври 2020 година, а главната цел е сензибилизирање на јавните здравствени установи за поголема отчетност и транспарентност во спроведувањето на јавните набавки, прилагодени според потребите на пациентите.

Similar Posts