Прирачник за правно зајакнување и инклузивна иновација: Како се развиваше идејата за Клуб П.Е.Т.?

“…Станица ПЕТ ја истакнува важноста колку е клучно да се вклучат сите потенцијално засегнати страни во текот на целиот процес на развивање на идејата за социјално претпријатие, а особено заедницата со која работи организацијата. Ко-развојот и тестирањето на идејата беше долго патување, но големи се можностите што ги отвори социјалното претпријатие за генерирање флексибилни приходи кои треба да ја поддржат основната работа на здружението за правно зајакнување…“

Здружение за правна едукација и транспарентност Станица П.Е.Т. од Прилеп од почетокот на оваа година започна со идејата за развој на социјално претпријатие во рамките на здружението, кое нуди услуги за издавање на простор за организација на настани и индивидуална работа.

Идејата за отворањето на Клуб П.Е.Т. е претходно развиена низ повеќе чекори со поддршка и менторство на ЦЕЕД Македонија и Фондацијата Отворено општество Македонија преку ФОО, а е избрана како најсоодветна од повеќе причини: потребата од простор за организирање на настани и индивидуална работа во Прилеп и околината односно сериозниот недостаток од ваков капацитет, како и просторните можности и соодветната локација кои ги има канцеларијата на Станица П.Е.Т. и можноста дел од истата да се пренамени во простор за активности. Всушност, идејата е да се генерира дополнителен приход кој ќе се вложи во дополнителен развој и одржливост на правната и параправната помош која ја обезбедува здружението, а е клучен дел од програмата за правно зајакнување и од суштинско значење за остварувањето на основните права на граѓаните од маргинализираните заедници од Прилеп и околните општини.

Во најновиот извештај на Фондацијата Отворено општество е споделен пристапот на Станица П.Е.Т. и патот до остварувањето на идејата за основање на социјалното претпријатие Клуб П.Е.Т., како и искуството во тестирањето и воведувањето иновативни пристапи за поголема одржливост на програмите за пристап до правда на заедниците.

Повеќе информации за успешните иновативни пристапи прочитајте на следниот линк

Similar Posts

  • Мрежа за заштита од дискриминација: Прес конференција пред Собранието на Р.С. Македонија

    Во среда 27.11.2019 година во 09:30 часот, пред Собранието на Република Северна Македонија, десет мрежи на здруженија на граѓани одржаа прес конференција на која повикаа на итен избор и именување на кадар во повеќе институции и тела од страна на Комисијата за прашања на изборите и именувањата. Се работи за институции кои се од исклучителна…

  • Секој што дискриминира, мора да одговара! Станица П.Е.Т. со осуда за дискриминаторското однесување врз Ромите!

    Станица П.Е.Т. ја осудува дискриминацијата во која на група на млади Роми не им беше дозволен влез во базен. Станица П.Е.Т. застанува во поддршка против дискриминацијата од секаков вид, а особено кога таа е насочена кон Ромите. Дискриминаторската пракса во угостителските објекти и кај давателите на јавни услуги во Прилеп е долгогодишен проблем на кој ние…

  • Креативна акција: „Градот и трите градинки“

    На 01.04.2023 година, организирана беше Креативна акција која на еден иновативен начин имаше за цел да ги потсети надлежните за дадените предизборни ветувања за решавање на проблемот со детските градинки во општина Прилеп. Акцијата се реализираше во рамки на проектот: „Граѓански ангажман за подобра иднина“, кој Станица П.Е.Т. го спроведува во периодот ноември 2022 – април 2023 година….

  • Дистрибуција на промотивни материјали за едукација за заштита од Ковид-19

    Во изминатиот период, Советот на заедницата на Станица П.Е.Т. и здравствените промотори организираа едукативна активност – дистрибуција на промотивни материјали лифлети за заштита и спречување на ширењето на Ковид-19. Со оваа активност беа опфатени граѓаните од нас. Тризла кои беа дел од истражувањето во заедницата за обезбедување на податоци и докази со цел подобрување на…

  • Прва средба на Ромски кризен штаб

    На 17.09.2020 година, се одржа првата средба на Ромскиот кризен штаб, кој е дел од активностите на проектот: „Организирање на заедницата за одговор на кризата“. Ромскиот кризен штаб е група од неформални лидери во заедницата каде се вклучени 6 неформални лидери од заедницата со цел организирање на заедницата за идентификување на итни проблеми и предлагање…

  • ЈАВЕН ОГЛАС за ангажирање на надворешен експерт/експертка за развој на интерни процедури и обука на тимот

    Здружението СТАНИЦА П.Е.Т. Прилеп има потреба од ангажирање на надворешен експерт/експертка за развој и финализирање на интерни процедури релевантни за работата на организацијата со жени и деца изложени на родово базирано и семејно насилство. 1. Предмет на ангажманот Предмет на ангажманот е обезбедување експертска поддршка за развој и финализирање на следните три интерни документи: Како…