Онлајн обука за Промоција на новиот Закон за спречување и заштита од дискриминација и КСЗД

Во периодот од 01-03 септември 2021 година, се одржа активноста: „Промоција на новиот Закон за спречување и заштита од дискриминација и КСЗД во соработка со Мрежата за заштита од дискриминација“, насловена како: „Што и колку знаеме за дискриминацијата“. Целта на активноста беше учесниците да се запознаат со основните поими на дискриминацијата, новиот Закон за спречување и заштита од дискриминација и неговата имплементација, како и механизмите за заштита.

На обуката зедоа учество 18 учесници (параправниците на Станица П.Е.Т., промоторите во заедницата, како и заинтересирани припадници на маргинализирани заедници).

Обуката се одржа онлајн на платформата Zoom, под водство на обучувачките Драгана Дрндаревска и Наташа Бошкова од Коалиција Маргини и Мрежата за заштита од дискриминација.

На првиот ден од обуката, учесниците имаа можност да учат за правото на еднаквост, законски дефиниции за дискриминацијата, основите за заштита од дискриминација и облиците на дискриминација преку анализа на националната правна рамка и дискусија со конкретни примери на дискриминација од секојдневното искуство на учесниците. Исто така, учесниците дискутираа за начините на препознавање на видовите дискриминација (асоцијација по перцепција, повеќекратна, повторена и продолжена/интерсекциска) и спречувањето наспроти заштитата од дискриминација, исклучоци од нееднаквиот третман, како и товарот на докажувањето.

На вториот ден од обуката акцентот беше ставен на разбирањето и препознавањето на интерсекциската дискриминација, при што се обрна посебно внимание на маргинализираните заедници (посебно Ромската заедница и граѓаните кои живеат во рурални средини). Заедно со учесниците беа изведени дефиниции за расната и родовата дискриминација кои се едни од најзастапените и од кои најмногу се засегнати граѓаните. Обучувачката напомена дека често граѓаните имаат проблеми околу препознавањето на овие видови дискриминација, што особено ја доведува во прашање еднаквоста на граѓаните во општеството.

Третиот ден од обуката учесниците со обучувачката дискутираа за националната правна рамка и законските можности за користење на механизмите за заштита и спречување на дискриминација, при што беше утврдено дека граѓаните можат да се обратат до Народниот правобранител, Комисијата за спречување и заштита од дискриминација, суд и Уставниот суд на РСМ доколку им е загрозено некое право, а е поврзано со дискриминација по различен основ.

На крајот на обуката беа споделени и заклучоци од претходно наученото, па така беше утврдено дека:

  1. Дискриминацијата е присутна насекаде околу нас и обврска на сите е да се спротивставиме и залагаме за нејзино искоренување.
  2. Дискриминацијата може да биде спречена и да се заштитиме од истата, само доколку сме добро запознаени со нејзината суштина, нејзините видови и облици.
  3. Познавањето на законот од страна на граѓаните ќе доведе до негово активно користење во служба на заштита на правата на граѓаните.
  4. Институциите можат да ни помогнат само ако ние не се плашиме да ја споделиме нашата приказна и ги правиме сите можни законски напори за да издејствуваме правда и еднаквост помеѓу граѓаните.
  5. Дискриминацијата може да се сузбие само ако целосно и навремено ги користиме сите можни механизми за заштита.

Similar Posts

  • Отворен ден за афирмирање на активни мерки и постоечки можности за поддршка на социјално и бизнис претприемништво

    На 27 февруари, организиравме Отворен ден за афирмирање на активни мерки и постоечки можности за поддршка на социјално и бизнис претприемништво во с. Ропотово, општина Долнени. Овозможувањето на ресурси и можности за пристап до поддршка за развој на социјално и бизнис претприемништво на младите од општина Долнени беше постигнато преку првиот показен отворен ден каде беа присутни…

  • Мобилна канцеларија за параправна помош

    Во изминатиот период, Здружение СТАНИЦА П.Е.Т преку своите правници и параправници во општините Прилеп, Кривогаштани и Долнени, им нуди правна асистенција на граѓаните во остварувањето на нивните основни човекови права во рамките на Мобилната канцеларија за параправна помош. Мобилната канцеларија преку правниците и параправниците дава правни совети и услуги на граѓаните кои живеат во руралните средини, а кои немаат…

  • Интер-религиска школа за комуникации – чекор кон подобра толеранција и разбирање!

    Во периодот 08.06.2022 – 14.07.2022, во текот на шест работни денови, во просториите на Клуб ПЕТ се одржа Интер-религиска школа за комуникации, на која учество зедоа вкупно 17 претставници од 4 здруженија на граѓани и 3 религиозни групи. Интер-религиска школа за комуникации Во рамки на школата, учесниците се стекнаа со знаења и вештини на четири…

  • ОН-ЛАЈН ШКОЛА ЗА ПАРАПРАВНИЦИ

    Ако правото не е достапно за сите тогаш и правдата не е достапна за сите. А ако правдата не е достапна за сите, таа не е право туку привилегија!          Во периодот 22–25 јуни 2020 година, се одржа он-лајн школа за параправници која ја организираше Здружение за правна едукација и транспарентност СТАНИЦА П.Е.Т. Главната цел на…

  • Заштита на правата на пациентите – обука за здравствените промотори во заедницата

    На ден 21.07.2022 во прсториите на КЛУБ ПЕТ се одржа обука за зајакнување на капацитетите на здравствените промотори и параправници на здружението која беше посветена на заштитата на правата на пациентите, препознавање и навремено реагирање во случај на идентификувани злоупотреби. Темата за обуката беше избрана како резултат на актуелните случувања во областа здравство, односно истражувачката…

  • „Не е ѓубре ако знаеш каде завршува: селекција на отпад во домаќинствата!“ работилница со млади

    Во рамки на иницијативата #ЗеленПеток, се одржа работилница на тема „Не е ѓубре ако знаеш каде завршува: селекција на отпад во домаќинствата“, дел од четвртата по ред месечна акција посветена на подигнување на еколошката свест и унапредување на практиките за одговорно управување со отпадот во локалната заедница. На работилницата учествуваа 30тина млади од Прилеп и…