Секој што дискриминира, мора да одговара! Станица П.Е.Т. со осуда за дискриминаторското однесување врз Ромите!

Станица П.Е.Т. ја осудува дискриминацијата во која на група на млади Роми не им беше дозволен влез во базен. Станица П.Е.Т. застанува во поддршка против дискриминацијата од секаков вид, а особено кога таа е насочена кон Ромите. Дискриминаторската пракса во угостителските објекти и кај давателите на јавни услуги во Прилеп е долгогодишен проблем на кој ние лично сме и жртви и сведоци, и таа мора да биде искоренета ако сакаме да се декларираме како прогресивно општество.

Во изминатите денови бевме сведоци на едно недозволено однесување од страна на вработени и сопственици на градскиот базен при што на група од неколку млади Роми им било забрането да влезат на базенот со изговор дека во базенот веќе се присутни поголем број на лица, а поради протоколите не им е дозволено повеќе да пуштаат, но во истиот момент на базенот пуштиле неколку лица од Македонска националност, кои иако пристигнале после нив им било дозволено да купат карти и да влезат.

Со оваа дискриминаторска пракса се промовира нееднаков однос кон припадниците на ромската популација, истото претставува дискриминација врз основа на маргинализирана група, општествен статус и социјално потекло.

Здружението за правна едукација и транспарентност СТАНИЦА П.Е.Т. Прилеп кое работи на заштита на основните човекови права на маргинализираните заедници со фокус на ромската заедница, е засегнато од ваквиот дискриминаторски однос со кој се дискриминираат припадниците на ромската заедница.

Така, во изминатите денови Станица П.Е.Т. во соработка со Општина Прилеп одржаа и прес-конференција на која јасно беше потенцирано дека Ромите не се граѓани од втор ред и дека истите не заслужуваат да бидат дискриминирани и беше наведено дека ќе се работи на целосно расветлување на случајот преку искористување на сите правни механизми.

Исто така, на 27 јуни се одржа и протестен марш на Ромите во Прилеп кои обвинуваат за дискриминација која стана пракса во нашиот град.

Во однос на случајот беше поднесена и соодветна претставка до Комисијата за спречување и заштита од дискриминација, а дополнително ќе се поведе судска постапка иницирана како „actio popularis“, тужба во која тужител ќе биде СТАНИЦА П.Е.Т. во интерес и за заштита на поголема група на луѓе од ромска етничка припадност.

Similar Posts

  • Студиска посета во Грачаница, Косово

    Како дел од Програмата за верски слободи на Западен Балкан спроведувана од National Democratic Institute, тимот на Станица ПЕТ имаше можност да оствари посета на организацијата Centar Manjinske Zajednice од Грачаница, Косово. Во рамки на дводневната посета која беше организирана и фасцилитирана од NDI Kosovo и NDI North Macedonia, имавме можност да се запознаеме со…

  • Започна со работа Советувалиштето за психосоцијална поддршка на жени жртви на родово базирано и семејно насилство

    Со особена посветеност кон унапредување на заштитата и поддршката на жените, Здружението СТАНИЦА ПЕТ официјално го започна со работа Советувалиштето за психосоцијална поддршка на жени жртви на родово базирано и семејно насилство. Потребата од ваков тип на услуга произлегува од сè поголемата потреба за достапна, континуирана и сеопфатна поддршка за жени и деца кои се…

  • ОТВОРЕН ПОВИК за избор на локални еко амбасадори од Општина Прилеп

    Здружение СТАНИЦА ПЕТ во рамки на проектот „Еко иницијатива: граѓаните и локалната власт во акција за заштита на животната средина!“ објавува: ОТВОРЕН ПОВИК  за избор на локални еко амбасадори Овој повик има за цел избор на 4 локални активисти – еко амбасадори од Општина Прилеп, кои ќе бидат дел од обука за мониторинг и комуникација…

  • Креативна акција: „Градот и трите градинки“

    На 01.04.2023 година, организирана беше Креативна акција која на еден иновативен начин имаше за цел да ги потсети надлежните за дадените предизборни ветувања за решавање на проблемот со детските градинки во општина Прилеп. Акцијата се реализираше во рамки на проектот: „Граѓански ангажман за подобра иднина“, кој Станица П.Е.Т. го спроведува во периодот ноември 2022 – април 2023 година….

  • Курс за правно зајакнување

    Да се знае правото, да се користи правото и да се обликува правото. Во периодот 1-6 декември 2019 година, Весна Шапкоски од нашата организација беше дел од интернационалниот Курс за правно зајакнување кој се одржа при Централно Европскиот Универзитет во Будимпешта, Унгарија. На курсот, 60тина претставници од повеќе од 30 држави во светот, преку споделување…

  • ЈАВЕН ПОВИК – За физички лица за ангажирање во улога на експерт за социјално и бизнис претприемништво

    Здружение за правна едукација и транспарентност СТАНИЦА П.Е.Т. Прилеп за потребите од спроведувањето на проектот: „Социо-економско јакнење на младите од Општина Долнени“, кој е финансиран од Европската Унија преку проектот „Потпри се младите“, спроведуван од “Македонска развојна фондација за претпријатија”, „Рурална Коалиција“, „Џуниор Ачивмент“ и „ЕЛИТ- Здружение на жени менаџери Скопје“, објавува: