Истражување за потребата за воспоставување на мобилна канцеларија за параправна помош

Во изминатиот период, Здружение за правна едукација и транспарентност Станица П.Е.Т. од Прилеп подготви Истражување за потребата за воспоставување на мобилна канцеларија за параправна помош (Прилеп – Мариовски регион, Кривогаштани и Долнени). Од истражувањето произлезе инфографик каде се сумирани собраните податоци од граѓаните кои наголемо ја истакнуваат потребата од воспоставување на мобилна канцеларија за параправна помош во општините Прилеп (за Мариовскиот регион), Кривогаштани и Долнени.

Со истражувањето беа опфатени 110 граѓани од општина Долнени, општина Кривогаштани и Мариовскиот регион кои само ја потврдија потребата од отварање на мобилни канцеларии во овие општини, со оглед на фактот што централните државни институции се далеку од нив и од нивното место на живеење, па значително е отежнато остварувањето на некои права кои се од исклучителна важност за нив. Исто така, 95 граѓани сметаат дека имаат потреба од помош и поддршка од граѓанска организација која ќе обезбедува услуги кои им е потешко да ги остварат поради оддалеченоста на нивното место на живеење од градот и истакнаа дека би биле многу благодарни доколку се воспостави мобилна канцеларија во нивното место на живеење, но исто така дека треба да трае подолго, а не само за одреден период.

Податоците од истражувањето можете да ги погледнете во продолжение од подготвениот инфографик:

Similar Posts