Иницијална средба на Советот во заедницата

Здружението за правна едукација и транспарентност СТАНИЦА П.Е.Т. Прилеп на 09.06.2021 година, одржа иницијална средба на Советот во заедницата во согласност со активност 1: Создавање на потребната структура во заедницата, во рамки на проектот: „Унапредување на процесот на закрепнување и навремена реакција на ромската заедница во кризни состојби преку партиципативно и проактивно дејствување“, финансиски поддржан од Светска здравствена организација. Активноста се одржа во просториите на социјалното претпријатие Клуб ПЕТ, кое е дел од Здружение Станица П.Е.Т. На средбата учество зедоа 10 членови на Советот во заедницата и 5те промотори во заедницата кои ќе учествуваат во спроведување на истражувањето во проектот.

Целта на проектот е унапредување на процесот на закрепнување и навремена реакција на ромската заедница во кризна состојба преку обезбедување на активно учество на граѓаните.

Главните обврски и задачи на членовите на Советот во заедницата опфаќаат: претставување на интересите на различни групи во заедницата, присуство на членовите на пет дневна обука за запознавање со концептот и процесот на закрепнување и навремена реакција во кризни состојби и подготовка на планови, учество при подготовка на мапа на расположливи капацитети на заедниците во насока на подготовка на плановите за закрепнување и навремена реакција во кризни состојби, учество при идентификување на соработниците од различни сектори застапени во заедницата кои можат да помогнат во обезбедување на целосен и сеопфатен одговор во услови на кризна состојба, активно учество при подготовка на планот за закрепнување и навремена реакција во кризни состојби, учество на работилница за стратешко планирање и присуство на една Национална конференција.

Проектот: „Унапредување на процесот на закрепнување и навремена реакција на ромската заедница во кризни состојби преку партиципативно и проактивно дејствување“ го спроведува Здружение за еманципација, солидарност и еднаквост на жените – ЕСЕ, во партнерство со Здружение на граѓани за здравствена, социјална и образовна поддршка „Иницијатива за развој и инклузија на заедниците“ – ИРИЗ, Здружение за развој и унапредување на ромската заедница – Романо Чачипе, Здружение на граѓани на просветни работници за заштита на правата на жените и децата – ЛИЛ и Здружение за правна едукација и транспарентност СТАНИЦА П.Е.Т., поддржан од Светска здравствена организација.

Similar Posts

  • Едукативна работилница Сексуално и репродуктивно здравје

    Сите сме слушнале за безбедно сексуално однесување, но некои од нас сеуште ризикуваат! На ден 28.06.2019 година беше спроведена едукативна работилница, во соработка со Ј.З.У “Центар за јавно здравје“-Прилеп и д-р Аксиња Гарбеска- Кебакоска, со цел информирање на младите за повеќе прашања од сексуалното и репродуктивното здравје. На средбата беа присутни 16 лица, во поголем…

  • Јавен оглас за ангажирање на експерт за подготовка на физибилити студија

    Здружение за правна едукација и транспарентност СТАНИЦА ПЕТ Прилеп, во рамки на проектот „Паметно зелено село за одржлива иднина“, кој се реализира со поддршка од Фондации Отворено Општество – Западен Балкан, објавува: ЈАВЕН ОГЛАС За ангажирање на експерт од областа на енергетика за подготовка на Физибилити студија за утврдување на потенцијалот на с. Ропотово и…

  • Интерсекциска дискриминација – Втора фокус група со млади Роми

    На ден 30.11.2021 во просториите на Здружение СТАНИЦА П.Е.Т. се одржа втората фокус група со млади лица, припадници на ромската заедница.На фокус групата се разговараше за причините и одговорот на надлежните институции во заштитата на правата на оваа категорија на граѓани во полето на дискриминацијата со посебен акцент на интерсекциската дискриминација. ——————————————————————————————————–Активноста е дел од Проектот: „Интерсекциска…

  • Маратон на јавните набавки – „Дали има напредок?“

    На 30.11.2021 година во Белград, се одржа конференција Маратон на јавните набавки – „Дали има напредок?”, на која учествуваа претставници на Европската Унија, релевантни институции, невладини организации и медиуми од регионот, кои дискутираа за главните проблеми со системите за јавни набавки во државите од Западен Балкан. Весна Шапкоски од СТАНИЦА П.Е.Т. имаше свое излагање во рамки на…

  • Работилница за PhotoVoice

    Здружението за правна едукација и транспарентност СТАНИЦА П.Е.Т. Прилеп на 01.07.2021 година во рамките на проектот: „Унапредување на процесот на закрепнување и навремена реакција на ромската заедница во кризни состојби преку партиципативно и проактивно дејствување“, спроведе работилница за подготовка на PhotoVoice. Целта на проектот е унапредување на процесот на закрепнување и навремена реакција на ромската…

  • Мобилна канцеларија за параправна помош

    Во изминатиот период, Здружение СТАНИЦА П.Е.Т преку своите правници и параправници во општините Прилеп, Кривогаштани и Долнени, им нуди правна асистенција на граѓаните во остварувањето на нивните основни човекови права во рамките на Мобилната канцеларија за параправна помош. Мобилната канцеларија преку правниците и параправниците дава правни совети и услуги на граѓаните кои живеат во руралните средини, а кои немаат…