Реакција: Уставниот суд да го направи првиот чекор кон овозможување на правда за депонентите на Еуростандард банка

Подносителите на оваа реакција како здруженија кои се или соработуваат со правни лица оштетени од одземањето на дозволата за работа на ЕУРОСТАНДАРД Банка АД Скопје од страна на Народната банка на РСМ, на ден 12.08.2020, се само дел од бројните граѓани и фирми чии средства останаа заглавени во, сега веќе, стечајната маса на оваа Банка. Ние како здруженија на граѓани кои работиме во насока на помош на граѓаните од маргинализираните заедници, останавме без своите  финансиски средства за кои имаме потпишано договорни обврски со донатори, без средствата за тековен промет, без обештетување, во екот на здравствена и економска криза да се снаоѓаме самите како знаеме и умееме. Оваа состојба дополнително не ограничи во реализирањето на активностите за помош на граѓаните и тоа во период кога граѓаните имаа најголема потреба од нашата помош.

Во Република Северна Македонија правните лица не се обештетуваат од државниот Фонд за осигурување на депозити во случај на пропаѓање на банка. Ова е спротивно на начелата на владеење на правото дефинирани со Уставот на РСМ.  Со отворањето на стечајната постапка над Еуростандарад банка, правните лица останаа заглавени, дискриминирани и оставени без законска заштита. Дополнително согласно член 163 став 3 од Законот за банки, на државниот Фонд за осигурување на депозити му се дава првенство односно монопол во наплата на побарувањата во однос на физичките и правни лица депоненти на банката во стечај, кои на ваков начин се ставени во нерамноправна положба и се директно оштетени. Со оваа одредба Фондот за осигурување на депозити прв ќе си ги наплати побарувањата од стечајната маса. Останатите доверители, ќе мора да се надеваат на остатоците.

Дополнително загрижува и фактот за криминалните активности на банката кои се случувале со години, а сето тоа на грбот на граѓаните. Следејќи ги натамошните случувања и информации кои се објавуваат во јавноста за големата кредитна задолженост на банката, од која најголем дел се ненаплатливи кредити, како и според извештајот на стечајниот управник, станува јасно дека од износот на стечајната маса ќе може да се подмири долгот само на приоритетниот доверител, во случајов Фондот за осигурување на депозити. Останатите правни лица нема да бидат во можност да си ги наплатат побарувањата а со тоа државата буквални ги оштетува овие правни лица со закон.

Од оваа причина давааме целосна поддршка на Здружението на оштетените физички и правни лица на Еуростандард банка „Правда за штедачи“ и нивната  иницијатива до Уставниот суд за оценување на уставноста и законитоста на член 163 став 3 од Законот за банки, со која  се  бара укинување на предметниот член од наведениот закон бидејќи со истиот се прави нееднаквост и дискриминација на доверителите во стечајната постапка на банката, што е спротивно на Уставот на РСМ.

Бараме од  Уставниот Суд да го укине спорниот член од Законот за банки и со тоа да ја исправи неправдата која им беше нанесена на депонентите вклучувајќи ги и здруженијата на граѓани, а со тоа да им даде надеж на сите сегашни и идни оштетени депоненти од ваквиот криминал, дека правдата мора да биде достижна за сите.

Реакцијата ја поднесуваат:

Здружение СТАНИЦА П.Е.Т. Прилеп

ХОПС – Опции за здрав живот Скопје

Дијалог  –  Центар за делиберативна демократија – Прилеп

АГТИС – Асоцијација за граѓанска толеранција и соработка – Прилеп

Здружението за развој и унапредување на ромската заедница Романо Чачипе – Скопје

НВО КХАМ – Делчево

Здружение на граѓани на просветни работници за заштита на правата на жените и децата “ЛИЛ” – Скопје

Иницијатива за развој и инклузија на зедниците – ИРИЗ, Скопје

Здружението за еманципација, солидарност и еднаквост на жените – ЕСЕ, Скопје

Иницијатива на жени од Шуто Оризари

Асоцијацијата за демокрaтски развој на Ромите СОНЦЕ – Тетово

Национален Ромски Центар – Куманово

Similar Posts

  • Мрежа за заштита од дискриминација – Работилницата за План за застапување и Комуникациски план

    Во перидот 28-31 август 2019, Христина Здравеска како претставник од нашето здружение во Мрежата за заштита од дискриминација, беше дел од работилницата за подготовка на План за застапување и Комуникациски план. Мрежата за заштита од дискриминација има за цел да развива стратегиско застапување во случаи на дискриминација преку поднесување предмети пред Комисијата за заштита од…

  • Инфографик – Интерсекциска дискриминација кон жени-Ромки и млади Роми од Прилеп

    Во текот на месец март 2022, подготвен е инфографик со резултатите од спроведени фокус-групи со жени-Ромки и млади Роми од Прилеп, кои се соочиле со дискриминација. Во него се поместени најважните податоци од искуствата на учесниците во фокус-групите, а кои се однесуваат на областите и основите за дискриминација, со посебен осврт на интерсекциската дискриминација. 2/3…

  • Креативна акција: „Информирај се, Пријави се и Вакцинирај се!“

    Здружение за правна едукација и транспарентност Станица П.Е.Т. од Прилеп, заедно со партнерските организации и тоа: Здружение за развој и унапредување на ромската заедница Романо Чачипе (Скопје), Национален Ромски Центар (Куманово), ИРИЗ – Иницијатива за развој и инклузија на заедниците од Скопје, Центарот за современи уметности од Скопје и Фондацијата Отворено општество – Македонија, во…

  • Маратон на јавните набавки – „Дали има напредок?“

    На 30.11.2021 година во Белград, се одржа конференција Маратон на јавните набавки – „Дали има напредок?”, на која учествуваа претставници на Европската Унија, релевантни институции, невладини организации и медиуми од регионот, кои дискутираа за главните проблеми со системите за јавни набавки во државите од Западен Балкан. Весна Шапкоски од СТАНИЦА П.Е.Т. имаше свое излагање во рамки на…

  • Инфо сесија: Законски измени во врска со детските бракови

    На ден 18.09.2019 година се одржа информативна средба на тема: „Дали промената на теоријата ќе ја промени и праксата?“ со фокус на законските измени во Кривичниот закон и Законот за основно образование кои се однесуваат на регулирање на појавата од детски бракови. На информативната средба беа присутни 40тина лица од кои претставници на стручните служби од повеќе…

  • СООПШТЕНИЕ ЗА МЕДИУМИ – Европската комисија бара целосно спроведување на Законот за спречување и заштита од дискриминација

    Извештајот на Европската Комисија за 2021 година го забележува донесувањето на Законот за спречување и заштита од дискриминација, за чие донесување се потенцира дека беше обезбедена меѓупартиска поддршка. Во Извештајот се забележува и клучната улога на граѓанскиот сектор во мониторирање на работата на институциите и во учеството во донесувањето на одлуки во областа на антидискриминацијата….