Онлајн дискусија: „Еманципацијата и семејното насилство – регулација и пракса“

“Жените во светот сакаат и заслужуваат еднаква иднина ослободена од стигма, стереотипи и насилство, иднина која е одржлива мирна, со еднакви права и можности за сите. За да се постигне тоа, на светот му требаат жени на секоја маса каде се носат одлуки“.

Во организација на Здружение за правна едукација и транспарентност СТАНИЦА П.Е.Т. и Правна клиника – Правен факултет УКЛО на 08.03.2021 година се одржа Онлајн дискусија на тема „Еманципацијата и семејното насилство – регулација и пракса“.

На дискусијата зедоа активно учество 38 претставници од институции, академска заедница, адвокати, граѓански активисти и граѓани кои дискутираа за процедурите и предизвиците во справувањето со семејното насилство.

Семејното насилство е една од најголемите пречки на патот кон еманципацијата на жените, па оттука сите општествени чинители мора да ги преземат неопходните мерки за брз и ефикасен одговор за спречување и справување со истото.

Модераторот на дискусијата, извршната директорка на Станица П.Е.Т. – Весна Шапкоски ја започна дискусијата со краток вовед во однос на значењето и одбележувањето на Меѓународниот ден на жената – 8ми Март, кој денес се движи од тоа што е државен празник во некои земји, па се до игнорирање во голема мера на друго место. На некои места тоа е ден на протест, во други, тоа е ден кога се слави женственоста. Исто така, таа истакна дека семејното насилство може да има различни форми на манифестација од емоционално па се до сексуално и физичко злоставување и закани за злоупотреба и истото може да се случи во хетеросексуални или истополови врски и не секогаш е лесно да се идентификува.

Свој придонес на дискусијата дадоа уште неколку говорнички кои директно работат на полето на заштита на жртви на семејно насилство и секојдневно се соочуваат со оваа проблематика.

Притоа, инспекторката НККР при ОВР Прилеп – Маја Кулеска даде краток осврт на “Улогата на МВР во постапувањето кај случаи на семејно насилство“, истакнувајќи дека искуството покажува дека институциите имаат мултисекторска координација во решавање на случаи на семејно насилство по поднесена пријава согласно надлежностите и освен за случаи на физичко насилство се пријавуваат и други форми на насилство. Според неа, особено во време на пандемија и последиците од неа, како и воведената превентивна мерка за ограничено движење придонесоа за зголемување на бројот на случаи на семејно насилство.

Адвокатката Талија Петреска зборуваше за “Пријавувањето на семејното насилство во пракса“ при што истакна дека праксата е еден од најважните индикатори во мерењето на успешноста во справувањето со семејното насилство. Воедно, постапувањето во случаи на семејно насилство е предизвик затоа што најчесто жртвите тешко се охрабруваат да пријават, бидејќи има многу други фактори што придонесуваат да се откажи или да ја прифати како нормална појава.

Ивона Шушак – Раководител на Правна клиника во Битола ги изнесе своите искуства во однос на “Заштитата на жртви на семејно насилство во системот на бесплатна правна помош“ и сподели дека кога зборуваме за жртви на семејно насилство, често зборуваме за припадници на маргинализирани заедници, лица во социјален ризик, лица кои освен со стравот од пријавување се соочуваат и со финансиска немоќ да преземат било какви дејствија. Во тој поглед државата е должна да обезбеди можности за нивна заштита кои ќе бидат на товар на државата.  

На крајот на дискусијата, заеднички беше утврдено дека Меѓународниот ден на жената е време кога треба да размислиме за постигнатиот напредок, да повикаме на промени и да ги прославиме актите на храброст и одлучност од страна на обичните жени, кои играат извонредна улога во историјата на нивните земји и заедници.

Similar Posts

  • СТАНИЦА П.Е.Т. подготви Комуникациска стратегија

    Во рамките на проектот: „Транспарентно делување за отчетно однесување“, Здружение за правна едукација и транспарентност СТАНИЦА П.Е.Т. подготви Комуникациска стратегија чија главна цел е подобрување на видливоста и транспарентноста во работата пред целните групи, крајните корисници и останатите засегнати страни. Комуникациската стратегија на СТАНИЦА П.Е.Т. оди во насока на остварување настратешките цели на Здружението и треба да…

  • Интерна обука за креирање на Комуникациска стратегија

    „Комуникацијата и претставувањето во јавноста се клучни за транспарентноста и видливоста на организацијата.“ Во рамките на проектот: „Транспарентно делување за отчетно однесување“, кој го спроведува Здружение за правна едукација и транспарентност СТАНИЦА П.Е.Т., на 18.09.2020 година, во просториите на здружението се одржа Интерна обука за креирање на Комуникациска стратегија. Проектот се спроведува во периодот јуни-ноември 2020…

  • КОМИСИЈАТА ЗА СПРЕЧУВАЊЕ И ЗАШТИТА ОД ДИСКРИМИНАЦИЈА ОСТАНУВА ДА СЕ ИЗБИРА ПО ПАТ НА ПАРТИСКИ ДОГОВОР?!

    На 21.10.2020 година одржана беше седница на Комисијата за европски прашања и Законодавно –правната комисија на Собранието на Република Северна Македонија на кои на дневен ред беше Предлог – Законот за спречување и заштита од дискриминација, попрецизно неговото второ читање и разгледување на поднесените амандмани. Од поднесените амандамани ниту еден не беше усвоен. Еден од…

  • Правдата не е привилегија – дистрибуција на промотивни материјали

    Во рамки на проектот Пристап до правда за најмаргинализираните, подготвени беа промотивни материјали за информирање и едуцирање на грѓаните од маргинализираните заедници. Во периодот мај-јули 2022 година, четири посебни акции за распределба на промотивните материјали беа организирани меѓу граѓаните од општините Прилеп, Кривогаштани и Долнени – по една во селата каде што е активна Мобилната…

  • Завршна конференција: „Пристап до правда за најмаргинализираните“

    На 30 септември 2021 година, се одржа завршната конференција на проектот “Пристап до правда за најмаргинализираните” во организација на Фондацијата Отворено општество – Македонија заедно со партнерските организации Станица ПЕТ и ХОПС. Проектот беше финансиски поддржан од Делегацијата на Европската Унија, а беше имплементиран во периодот од јануари 2020 до октомври 2021 година. На завршната конференција беа…

  • СООПШТЕНИЕ ЗА МЕДИУМИ – Европската комисија бара целосно спроведување на Законот за спречување и заштита од дискриминација

    Извештајот на Европската Комисија за 2021 година го забележува донесувањето на Законот за спречување и заштита од дискриминација, за чие донесување се потенцира дека беше обезбедена меѓупартиска поддршка. Во Извештајот се забележува и клучната улога на граѓанскиот сектор во мониторирање на работата на институциите и во учеството во донесувањето на одлуки во областа на антидискриминацијата….