СТАНИЦА П.Е.Т. организираше едукативен ден за Борба против корупција

На 25.12.2020 година, СТАНИЦА П.Е.Т. организираше едукативен инфо ден за Борба против корупција. Инфо денот беше наменет за граѓаните на општина Прилеп кои се информираа како да препознаат и пријават корупција и судир на интереси. Воедно, на граѓаните им беа поделени нотеси со едукативна содржина изработени во рамките на проектот.

Едукативниот ден се одржа во рамките на проектот: „Правна едукација за борба против корупција“, имплементиран од СТАНИЦА П.Е.Т., а е финансиран од Проектот на УСАИД за граѓанско учество.

Проектот: „Правна едукација за борба против корупција“ е насочен кон намалување на корупцијата на локално ниво, зголемена едукација и овозможување на информираност и правна помош на граѓаните, особено од маргинализираните заедници за идентификување и пријавување на случаи на корупција и судир на интереси.

Similar Posts

  • Реализирани три фокус групи во рамки на проектот „Анти-корупција во здравството низ призмата на теренската работа“

    Во периодот 23.07. – 30.07.2020 година беа реализирани три фокус групи во рамките на проектот: „Анти – корупција во здравството низ призмата на теренската работа“, за анализа на квалитетот на реалните услуги кои ги добиваат граѓаните кои се предмет на јавните набавки во здравствените установи. За време на трите фокус групи кои се одржаа на 23ти,…

  • КОМИСИЈАТА ЗА СПРЕЧУВАЊЕ И ЗАШТИТА ОД ДИСКРИМИНАЦИЈА ОСТАНУВА ДА СЕ ИЗБИРА ПО ПАТ НА ПАРТИСКИ ДОГОВОР?!

    На 21.10.2020 година одржана беше седница на Комисијата за европски прашања и Законодавно –правната комисија на Собранието на Република Северна Македонија на кои на дневен ред беше Предлог – Законот за спречување и заштита од дискриминација, попрецизно неговото второ читање и разгледување на поднесените амандмани. Од поднесените амандамани ниту еден не беше усвоен. Еден од…

  • Весна Шапкоски од СТАНИЦА П.Е.Т. е една од добитниците на наградата на Курсот за правно зајакнување 2019

    Секоја година, во изминатите 5 години, Намати и Mрежата за правно зајакнување соработуваат со партнери за водење на Kурсот за лидерско правно зајакнување на Централноевропскиот универзитет во Будимпешта. Целта на еднонеделниот курс е усовршување на глобален кадар на лидери кои се посветени на правно зајакнување кои споделуваат заедничко разбирање во оваа област, вклучително и историја, методологија и докази….

  • Јавен настан – изложба 22 Април – Ден на планетата земја

    На 22 Април 2023 година, пред ЈОУ Градска библиотека „Борка Талески“ во Прилеп, беше организиран јавен настан – креативна еколошка изложба на photo voice изработки насловена како: „Планетата те повикува“. Изложбата на photo voice беше организирана како дел од активностите на проектот кој го спроведува здружението, финансиран од Мрежата за правно зајакнување (Legal Empowerment fund), а по повод…

  • Промоција на МОПА – Мобилна канцеларија за параправна помош

    Во изминатиот период параправниците од Станица П.Е.Т. ја промовираа Мобилната канцеларија за параправна помош во општините Прилеп (за Мариовскиот регион), Кривогаштани и Долнени помеѓу граѓаните од овие региони и околните села преку делење на промотивен материјал – торба. Мобилната канцеларија за параправна помош претставува место каде граѓаните од овие региони ќе можат да се обратат за правна…

  • Инфо – караван: Правдата не е привилегија

    “Работата со заедниците, мора да произлегува и да се случува директно во заедниците“.  Во периодот од 23.09.2020 до 02.10.2020, Здружение СТАНИЦА П.Е.Т. организираше отворени инфо денови – ИНФО КАРАВАН со граѓаните од општините Прилеп, Кривогаштани и Долнени Прилеп, чија главна цел беше граѓаните на овие општини да се запознаат со активностите на проектот и начинот на кој…