Промоција на МОПА – Мобилна канцеларија за параправна помош

Во изминатиот период параправниците од Станица П.Е.Т. ја промовираа Мобилната канцеларија за параправна помош во општините Прилеп (за Мариовскиот регион), Кривогаштани и Долнени помеѓу граѓаните од овие региони и околните села преку делење на промотивен материјал – торба.

Мобилната канцеларија за параправна помош претставува место каде граѓаните од овие региони ќе можат да се обратат за правна консултација, совет, пополнување на документи, комплетирање на документација за остварување на некое право од социјална, здравствена заштита, земјоделска дејност, работни односи, лична документација, домување и сл.

Граѓаните кои беа посетени од параправниците истакнаа дека имаат потреба од ваква канцеларија, или барем место кое не е десетици километри надвор од нивното место на живеење каде можат да побараат било каква помош за остварување на некое право.

Мобилните канцеларии на Станица П.Е.Т. во с. Витолиште, с. Кривогаштани и с. Ропотово ќе започнат со работа кон крајот на месец август, по следниот распоред:

  • С. Витолиште (Стара општинска зграда) секој вторник од 10-14ч.
  • С. Кривогаштани (Општинска зграда) секоја среда од 10-14ч.
  • С. Ропотово (Општинска зграда) секој петок од 10-14ч.

*Активноста е дел од Kyiv Legal Empowerment Practical Program, во организација на Ukrainian Access to Justice School of Practice, како и проектот Пристап до правда за најмаргинализираните, кој го спроведуваат Фондација Отворено општество – Македонија , ХОПС – Опции за здрав живот Скопје и СТАНИЦА П.Е.Т. со поддршка од Европската Унија.

Similar Posts

  • Јавен настан – изложба 22 Април – Ден на планетата земја

    На 22 Април 2023 година, пред ЈОУ Градска библиотека „Борка Талески“ во Прилеп, беше организиран јавен настан – креативна еколошка изложба на photo voice изработки насловена како: „Планетата те повикува“. Изложбата на photo voice беше организирана како дел од активностите на проектот кој го спроведува здружението, финансиран од Мрежата за правно зајакнување (Legal Empowerment fund), а по повод…

  • Завршен настан „Паметно зелено село за одржлива иднина“

    Денес во Ропотово официјално ги промовиравме резултатите од проектот Паметно зелено село за одржлива иднина, кој се реализираше со поддршка од Фондациите Отворено општество – Западен Балкан. На настанот беа презентирани клучните постигнувања на проектот, како и наодите од предфизибилити студијата за утврдување на потенцијалот на селото и околината за изградба на соларна фарма –…

  • ЈАВЕН ПОВИК ЗА ДОСТАВУВАЊЕ ПОНУДИ ЗА НАБАВКА НА ВРЕДНОСНИ ВАУЧЕРИ ЗА ХРАНА

    Здравствениот систем во Северна Македонија со години се соочува со сериозни предизвици поврзани со коруптивни практики, кои го намалуваат квалитетот и достапноста на здравствените услуги. Истражувањата укажуваат дека граѓаните, а особено жените од маргинализираните заедници, често се изложени на директни или индиректни барања за неформални плаќања, непотизам и дискриминација при пристапот до здравствена заштита. Овие…

  • Интерна обука за зајакнување на капацитетите на тимот за обезбедување психосоцијална поддршка за жени и деца жртви на насилство

    Во рамки на нашите континуирани напори за обезбедување квалитетна и стандардизирана психосоцијална поддршка за жени и деца жртви на насилство, во периодот 13-15 август 2025, во просториите на Здружение СТАНИЦА ПЕТ се одржа Интерна тридневна обука за нашиот тим. Обуката беше насочена кон унапредување на знаењата и вештините на професионалците кои секојдневно работат со жртви…

  • #Зелен Петок 7: Нашата акција, нашата природа, наша одговорност!

    Здружението СТАНИЦА ПЕТ во соработка со ЈКП Комуналец – Прилеп организираше акција за чистење на јавна површина кај Вештачкото езеро – Излетнички ливади. Преку иницијативата „Зелен петок“ поттикнуваме поголема грижа за животната средина, заедничка одговорност и активно учество на граѓаните во зачувувањето на јавните простори. Целта на акцијата беше чистење на јавна површина и подигнување…

  • СТАНИЦА П.Е.Т. организираше едукативни обуки за Борба против корупција

    Во изминатиот период, СТАНИЦА П.Е.Т. организираше две едукативни обуки за Борба против корупција на кои граѓаните имаа можност да стекнат знаења поврзани со препознавање и пријавување на корупција и судир на интереси.  Обуките за препознавање и пријавување на корупција се одржаа во рамките на проектот: „Правна едукација за борба против корупција“, имплементиран од СТАНИЦА П.Е.Т., а е финансиран…