ВО ВРЕМЕ НА ПАНДЕМИЈА ГРАЃАНИТЕ БАРААТ ПРАВНА ПОМОШ ОД ГРАЃАНСКИТЕ ОРГАНИЗАЦИИ

ВО ВРЕМЕ НА ПАНДЕМИЈА ГРАЃАНИТЕ БАРААТ ПРАВНА ПОМОШ ОД ГРАЃАНСКИТЕ ОРГАНИЗАЦИИ

Пандемијата предизвикана од КОВИД-19 на граѓаните од ранливите групи дополнително им го отежна пристапот до правдата и пристапот до институциите, поради што сè поголем број граѓани се обраќаат до здруженијата за обезбедување бесплатна правна и параправна помош.

Во изминативе 11 месеци, откако почна да се имплементира проектот „Пристап до правда за најмаргинализираните“, повеќе од 1.000 граѓани од ранливите групи се обратиле кај граѓанските организации и побарале правна и параправна помош. Правната помош се обезбедува од правници, додека параправната помош се обезбедува на терен, од страна на параправници, кои се дел од заедниците што ги претставуваат и се обучени и имаат знаења за обезбедување помош и советување.

Здружението ХОПС – Опции за здрав живот Скопје обезбедува бесплатна правна и параправна помош за сексуалните работници и работнички, за лицата кои употребуваат дроги, како и за нивните семејства. Од март 2020 година, ХОПС е овластено здружение за обезбедување примарна бесплатна правна помош на сите граѓани, кое покрај правно советување, им овозможува да поднесат барање за бесплатен адвокат до Министерството за правда. 

Здружението за правна едукација и транспарентност – Станица П.Е.Т. од Прилеп обезбеди 752 услуги за семејствата во социјален ризик, лицата од ромската заедница и од руралните средини. Здружението обезбедува правни насоки и асистенција преку своите правници и параправници кои работат на територијата на Прилеп и околните рурални места.

Граѓаните најчесто бараат правна помош од областа на социјалната заштита, вработувањето, домувањето и земјоделската дејност, додека кај параправниците се обраќаат за помош во однос на искористувањето на економските мерки за справување со кризата, образованието, здравствената заштита, социјалната заштита и добивањето лична документација.

За лицата кои употребуваат дроги се обезбедени 473 услуги, поврзани со социјалната заштита и економските мерки за поддршка на граѓаните, разводот на бракови, запирањето на течењето на роковите за правни лекови во судските постапки за време на вонредната состојба, дискриминацијата поради зависност, движењето во време на забрана, но и совети за прекршочни и кривични дела. За сексуалните работници е обезбедена правна помош во 1.571 случај, најчесто за заштита од семејно насилство, насилство од страна на клиентите или полицијата, разводи и родителски права, како и за нерегулирани лични документи, економски мерки за поддршка на граѓаните и слично.

Услугите се обезбедуваат со целосно почитување на протоколите и притоа се преземаат мерки за заштита на граѓаните, правниците и параправниците.

***

Проектот „Пристап до правда за најмаргинализираните“ е финансиски поддржан од Европската Унија, а спроведуван од Фондацијата Отворено општество – Македонија, ХОПС-Опции за здрав живот Скопје и Здружението за правна едукација и транспарентност – Станица П.Е.Т. од Прилеп.

За повеќе информации за проектот „Пристап до правда за најмаргинализираните“:

Фондација Отворено општество – Македонија

Контакт-лице: Христина Василевска Димчевска, координаторка на проектот

e-mail: [email protected], тел: +389 2 2477 126, моб: +389 70 385 500

Similar Posts

  • ОТВОРЕН ПОВИК за избор на надворешен консултант – советник за вработување

    Здружение за правна едукација и транспарентност СТАНИЦА ПЕТ Прилеп во рамки на проектот „Интегрирана поддршка и јакнење на жените жртви на насилство за посилен глас и безбедна иднина“, објавува: ОТВОРЕН ПОВИК за избор на надворешен консултант – советник за вработување Овој повик има за цел избор на надворешен консултант – советник за вработување, кој ќе…

  • Ден на добри дела 2026

    „Добро дело е кога создаваме момент на топлина, надеж и храброст“. На ден 20.04.2026 година, како дел од Светскиот ден на добри дела 2026, организиравме акција: „Пакет Топол Момент – Добро дело што грее одвнатре“. Волонтерската акција се реализираше со поддршка на 20 волонтери ученици од средните училишта и ООУ „Добре Јованоски“ од Прилеп, кои…

  • ЈАВЕН ПОВИК ЗА ДОСТАВУВАЊЕ ПОНУДИ ЗА НАБАВКА НА ОСВЕЖУВАЊЕ (ПИЈАЛАЦИ)

    Здравствениот систем во Северна Македонија со години се соочува со сериозни предизвици поврзани со коруптивни практики, кои го намалуваат квалитетот и достапноста на здравствените услуги. Истражувањата укажуваат дека граѓаните, а особено жените од маргинализираните заедници, често се изложени на директни или индиректни барања за неформални плаќања, непотизам и дискриминација при пристапот до здравствена заштита. Овие…

  • Одржани три форуми во заедницата за недостатокот на детски градинки во општина Прилеп

    Во периодот ноември-декември 2022 година, Здружение за правна едукација и транспарентност Станица П.Е.Т. организираше три форуми во заедницата каде граѓаните дискутираа за решавање на проблемот со недостатокот на детски градинки во општина Прилеп. Форумите се организираа во рамки на проектот: „Граѓански ангажман за подобра иднина“, кој Станица П.Е.Т. го спроведува во периодот ноември 2022 – април 2023 година. Првиот форум…

  • ПРИСТАП ДО КЛИМАТСКА ПРАВДА ПРЕКУ КРЕАТИВНА АКЦИЈА – општина Кривогаштани

    Здружение за правна едукација и транспарентност Станица П.Е.Т. на 24 септември 2021 во општина Кривогаштани спроведе Креативна акција за информирање и подигнување на свесноста во однос на опасноста од климатските промени. Акцијата се одржа во село Кривогаштани, м.в. Ливадски пат, чија цел беше подигнување на свесноста и информирање на пошироката јавност во однос на опасноста од…

  • Тркалезна маса: „Поттикнување единство: општински пристапи за меѓуверски дијалог и меѓуетнички соживот“

    На 16 октомври, во Големата сала во Општина Прилеп, Станица ПЕТ заедно со Национален демократски институт на Северна Македонија, организираше Тркалезна маса: „Поттикнување единство: општински пристапи за меѓуверски дијалог и меѓуетнички соживот“. Настанот се фокусираше на застапување за креирање на општински мерки и политики кои ќе вклучуваат аспекти на меѓуверски дијалог и меѓуетнички соживот, а…